Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година

Шеталиште 07/03/2026 12:17
nafta-1-2-1

Цените на американската сурова нафта го забележаа најголемиот неделен раст досега, поттикнати од ескалацијата на војната на Блискиот Исток, која предизвика огромни прекини во глобалните снабдувања со гориво.

Порастот на цените се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп побара безусловно предавање на Иран, зголемувајќи ги стравувањата од продолжен конфликт што би можел да предизвика хаос на глобалните пазари на нафта и гас, објави Си Ен Би Си.

Фјучерсите (договорите за идно купување) на американската сурова нафта од Западен Тексас (WTI) пораснаа за 12,21 проценти, или 9,89 долари, и достигнаа 90,90 долари за барел.

Глобалниот референтен бренд на суровата нафта од типот Брент поскапе за 8,52 проценти, или 7,28 долари, и достигнаа 92,69 долари за барел.

Американската сурова нафта поскапе за 35,63 проценти изминатата недела, што е најголем раст откако започна тргувањето со фјучерси во 1983 година.

Цаната на суровата нафта од типот Брент, пак, се зголеми за околу 28 проценти, што е најголем неделен раст од април 2020 година.

Војната веќе доведе до речиси целосен застој на бродскиот транспорт во Ормутскиот теснец, клучната поморска рута за снабдување со енергенси.

Катарскиот министер за енергетика Саад ал-Каби, во петокот за „Фајненшл тајмс“ изјави дека цените на суровата нафта би можеле да достигнат 150 долари за барел во наредните недели ако танкерите за нафта не можат да поминат низ теснецот.

Тој предупреди дека таквото сценарио би можело да „ги урне светските економии“.

Администрацијата на Трамп во петокот објави програма за осигурување од 20 милијарди долари за танкерите за нафта во Персискиот Залив, но мерката малку направи за да го смири пазарот на сурова нафта.

Ирак објави дека го намалил производството за 1,5 милиони барели дневно, а Кувајт, исто така, започна со намалување на производството откако снемал простор за складирање.

– Пазарот се префрла од проценка на чисто геополитички ризик кон соочување со опипливи оперативни нарушувања, оценува Наташа Канева, раководител на истражувањето на глобалните пазари во ЏиПи Морган.

Канева додаде дека намалувањето на производството би можело да достигне 6 милиони барели дневно до крајот на следната недела ако теснецот не се отвори за сообраќај. Поскапуваат и горивата во САД.

Цената на галон бензин во изминатите денови се зголеми за речиси 27 центи, на 3,25 долари.

 

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Куче скитник нападна четиригодишно девојче во Битола
Следно: Сите летови на авиокомпанијата „Емирати ерлајнс“ до и од Дубаи се прекинати на неодредено време

Поврзани вести

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
nafta-1-2-1
  • Економија

Денеска нафтата повторно поскапува

Шеталиште 07/08/2026 08:25
zlato-960x540-1
  • Економија

Цената на златото со најголем раст од јануари, една унца чини над 4.260 долари

Шеталиште 07/08/2026 07:19
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност 2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3 1
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

08/08/2026 12:48
241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 2
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 3
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 4
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00
Портокалова фаза, температури до 40 степени toplo1 5
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

08/08/2026 07:59

Можеби сте пропуштиле

2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48
Komarec
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

Шеталиште 08/08/2026 10:51
Screenshot 2026-08-08 100519
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

Димитар Петковски 08/08/2026 08:06
karpalak-1
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

Шеталиште 08/08/2026 08:00

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани