Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Цената на нафтата падна под 90 долари

Шеталиште 25/08/2026 14:13
nafta-1

Цената на нафтата на светските берзи падна под 90 долари за барел, откако трговците проценија дека најновите американски санкции кон Иран претставуваат помал ризик за снабдувањето со нафта отколку евентуалното проширување на вооружениот конфликт.

На лондонскиот пазар, цената на барелот попладнево се движеше околу 89,46 долари, што е пад од 2,71 долари во однос на претходното затворање. На американскиот пазар, барелот поевтини за 2,56 долари и достигна 82,45 долари.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент во понеделникот ги претстави новите мерки чија цел е дополнително ограничување на економските врски на Иран со остатокот од светот. Сепак, тој не откри кои земји би можеле да бидат опфатени, ниту кога конкретно би стапиле на сила санкциите.

Иран најави дека ќе возврати на проширените американски санкции, со кои администрацијата на Доналд Трамп се обидува да ги ограничи главните извори на приходи на Техеран. Иако Вашингтон ги предупреди земјите да ги прекинат деловните врски со Иран или да се соочат со секундарни санкции, конкретните казнени мерки засега не се воведени. објави Скопје1.мк

Пазарните аналитичари оценуваат дека префрлањето од закани за воена ескалација кон посилен економски притисок ја намалило загриженоста околу можните прекини во снабдувањето со нафта од Блискиот Исток.

Сепак, ризиците не се целосно отстранети. Иран и натаму има можност да го попречува поморскиот сообраќај, што продолжува да влијае врз цената на нафтата.

Дополнителна загриженост предизвика и инцидент со танкер во близина на Оман. Според британската служба за поморски трговски операции, танкер бил погоден од неидентификуван проектил и останал онеспособен на околу 17 километри североисточно од Аш Шишах.

Во меѓувреме, сообраќајот низ Ормускиот Теснец останува значително намален. Во понеделникот низ овој клучен коридор за светските енергетски испораки поминале само два танкери, што е најмал број танкери со суровини регистриран уште од почетокот на мај.

Поради нарушувањата во снабдувањето предизвикани од конфликтите на Блискиот Исток, дел од земјите веќе почнаа да ги користат комерцијалните и стратешките резерви на нафта.

Continue Reading

Претходно: Се затвораат 26 училишта со мал број ученици — Јаневска вели „нема логика да ги чуваме децата заробени“
Следно: МЗШВ: Исплатени 85,7 милиони денари за 1.159 одгледувачи на кози

Поврзани вести

evra-pari-evra
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

Шеталиште 15/10/2026 09:20
nasdaq-berza
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

Шеталиште 15/10/2026 06:24
paridenari10-1
  • Економија

ММФ предвидува забавување на македонската економија во 2027 година

Шеталиште 13/10/2026 11:57
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација 848186451_1094045193263793_2853667707958490411_n-1536x1024 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација

15/10/2026 10:42
ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција evra-pari-evra 2
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

15/10/2026 09:20
Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун serafimovski-2 3
  • Прилеп инфо

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

15/10/2026 09:19
Паднаа акциите на Волстрит nasdaq-berza 4
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

15/10/2026 06:24
Температури до 20 степени, но со засилен ветер сончево-есен 5
  • Македонија

Температури до 20 степени, но со засилен ветер

15/10/2026 06:03

Можеби сте пропуштиле

848186451_1094045193263793_2853667707958490411_n-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација

Димитар Петковски 15/10/2026 10:42
evra-pari-evra
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

Шеталиште 15/10/2026 09:20
serafimovski-2
  • Прилеп инфо

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

Шеталиште 15/10/2026 09:19
nasdaq-berza
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

Шеталиште 15/10/2026 06:24

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани