Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе нова одлука со која значително се зголемуваат малопродажните цени на сите нафтени деривати во земјава. Најголем ценовен удар овојпат бележат дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство.
Според новата одлука, цената на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за дури 6,00 денари по литар и од полноќ ќе се продава по цена од 101,00 денар за литар. Најдрастичен скок има кај Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена порасна за 8,00 денари по литар, со што новата малопродажна цена изнесува 105,00 денари.
Поскапување бележат и бензините. Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 3,00 денари по литар. Со ова, Еуросупер БС-95 ќе чини 97,00 денари за литар, додека новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 99,00 денари за литар.
Зголемување има и кај Мазутот М-1 НС, кој поскапува за 1,591 денари по килограм, па неговата нова цена ќе изнесува 46,001 денари за килограм.
Од Регулаторната комисија посочуваат дека новите корекции се направени врз основа на движењето на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи, како и промената на курсот на денарот во однос на американскиот долар.

