Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

Центарот за Култура – Битола со над 300 настани во 2025 година

Шеталиште 05/02/2026 16:43
10 festivali

Центарот за култура – Битола во 2025 година, со организација и реализација на традиционалните фестивали, голем број иновативни и нови манифестации, концерти, филмски проекции и со значаен број посетители и гости, ги одбележа големите јубилеи 45 години Центар за култура – Битола, 55 години Фестивал „Илинденски денови” – Битола и 50 години.

Детска ликовна изложба „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво”, кажа директорот на оваа институција Сашо Илковски на тркалезната маса за програмата за култура на Општина Битола.

Сценските простори на Центарот за култура беа и остануваат отворени за сите значајни музичко–сценски, театарски, фолклорни концерти, активности и манифестации, филмско творештво и презентација, за иницијативи и креативни идеи од невладиниот сектор и самостојните уметници, како и за сите свечени одбележувања и академии посветени на значајни поводи и настани од нашето културно-историско минато и сегашност.

На тој начин, преку мотивирање, поддршка, афирмирање и творечко надоградување на уметници и творци од Битола, регионот и Република Македонија, Центарот за култура создава услови за планиран и континуиран развој на културата и уметноста.

Покрај наведеното, Установата овозможува размена на културни вредности и следење на светските културни текови преку организирано гостување на познати светски уметници, групи и ансамбли, при што ги задоволува културно-уметничките потреби на широкиот аудиториум, односно поединецот како конзумент, поттикнувајќи го да биде не само набљудувач на културните вредности, туку и активен творец и аниматор на културата.

2025 година ја заокружиja со над 300 реализирани настани и повеќе од 130.000 посетители.

„Особено значајна во овој процес е континуираната поддршка на Општина Битола, која преку финансиска, логистичка и програмска соработка се јавува како вистински креативен партнер во реализацијата на фестивалите и културно-уметничките манифестации. Заедничката визија за развој на културата, вложувањето во квалитетни културни содржини и поддршката на домашните и меѓународните уметници претставуваат темел врз кој се гради современиот културен идентитет на Битола.

Следејќи ја тенденцијата за развој на Центарот за култура во современ мултимедијален и мултинаменски центар за креирање и презентирање на културни вредности, обемот на дејности се зголемува во континуитет.

Во годината што е пред нас, Центарот за култура ќе настојува да го задржи и надгради нивото и вредностите на традиционалните фестивали: Фестивалот „Илинденски денови”, Интернационалниот фестивал на монодрама, Фестивалот на музика од светот, Интернационалниот етнографски филмски фестивал, како и да воспостави нови креативни културно-уметнички текови кои ќе ги поттикнат и афирмираат идеите и делата на новите генерации уметнички творци. На тој начин, со заеднички сили и визија, ќе продолжи да чука во вистински ритам „Културното срце на Битола” вели директорот на Центарот за култура-Битола.

Фотографии: Центар за култура-Битола

Continue Reading

Претходно: На крајот на февруари, Тетово го пречекува „Global Digital City 2026“ со фокус на младите таленти и партнерства меѓу бизнисите
Следно: „Ги запознаваме ретките болести“: Нијмегенов синдром на раскинување/Нијмегенов синдром на кршење

Поврзани вести

SFERA1
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

Шеталиште 13/08/2026 11:43
769345826_1366700785595177_7310704352979507219_n-750x375
  • Битола инфо

Општина Битола: Дополнителна дезинсекција против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска

Шеталиште 13/08/2026 09:38
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 1
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43
46-годишен прилепчанец незаконски чувал заштитени видови на птици, во неговиот дом пронајдени 10 птици објави Скопје1.мк 3policija-420x240-138854-1 2
  • Прилеп инфо

46-годишен прилепчанец незаконски чувал заштитени видови на птици, во неговиот дом пронајдени 10 птици објави Скопје1.мк

13/08/2026 11:41
Активни девет пожари низ државата mariovo-pozar 3
  • Македонија

Активни девет пожари низ државата

13/08/2026 11:39
Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно zemjodelstvo-eu 4
  • Свет

Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно

13/08/2026 10:31
Пронајден починат оперативниот директор на Алсат телевизија, Лирим Хајредини 20260813120006_big_730x400_55 5
  • Македонија

Пронајден починат оперативниот директор на Алсат телевизија, Лирим Хајредини

13/08/2026 10:29

Можеби сте пропуштиле

SFERA1
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

Шеталиште 13/08/2026 11:43
3policija-420x240-138854-1
  • Прилеп инфо

46-годишен прилепчанец незаконски чувал заштитени видови на птици, во неговиот дом пронајдени 10 птици објави Скопје1.мк

Шеталиште 13/08/2026 11:41
mariovo-pozar
  • Македонија

Активни девет пожари низ државата

Шеталиште 13/08/2026 11:39
zemjodelstvo-eu
  • Свет

Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно

Шеталиште 13/08/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани