Вардар 1961 ќе игра во финалето од ракометниот куп на Македонија против ГРК Охрид. Екипата на Вардар 1961 го совлада Алкалоид во вториот полуфинален дуел со резултат од 33:28 и се изборија за уште едно финале и обид да го одбранат пехарот во Купот.
Во првиот дел Алкалоид изгледаше дека со организирана игра ќе го победи фаворизираниот Вардар, посебно по агресивната игра на црвено-црните во одбраната и црвените картони на Митровиќ и Хорига. Но во вториот дел Вардар 1961 ја презема иницијативата и на крилјата на Јака Малус кој постигна девет голови беше најдобар кај победникот, како и голманот Милош Валах кој одбрани десет удари на противникот.
Кај екипата на Алкалоид хендикеп беше што не настапи без повредениот Марко Митев, кој се повреди на последниот дуел од првенството против Еурофарм Пелистер. Во екипата на Кирил Лазаров, Дамјан Митев заврши со шест постигнати гола.
Финалето меѓу ГРК Охрид и Вардар1961 се игра во утре со почеток од 20 часот, додека од 17 часот на програмата е женското финале.
Денес на програмата се женските полуфинални натпревари: Пелистер 2012 – Ѓорче Петров и Спартак – Чаир.

