Центар за управување со кризи (ЦУК) информираше за состојбата со пожарите на отворен простор денеска до 13:00 часот.
Како што посочија, денеска регистрирани биле вкупно шест пожари на отворен простор, од кои еден пожар е се упте активен, а пет пожари се изгаснати.
Активни: 1
- Општина Крушево – атар на с. Бучин (ниска вегетација).
Изгаснати: 5
- Општина Теарце – с. Непроштено (ниска вегетација);
- Општина Карбинци – атар на с. Карбинци (запалени дрва);
- Општина Струга 1 – с. Ложани (депонија);
- Општина Струга 2 – с. Подгорци (ниска вегетација и жито);
- Општина Куманово – м.в. Парамкови Ниви (ниска вегетација).

