Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ЦУК: Изминатото деноноќие имало 1.626 повици на 112 и потрага по исчезнато лице

admin 21/11/2023 00:00
цуг-112-1-1024x683-1

Изминатото деноноќие регистрирани се четири пожари на отворено. Од Центарот за управување со кризи информираат дека имало и потрага по едно исчезнато лице, а кон Единствениот број за итни случаи – 112 имало вкупно 1.626 повици.

Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје, во текот на деноноќието, гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 3.000 m2 кај с.Зелениково, во Општина Зелениково, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп гаснеле запалена ниска вегетација во близина на училиштето „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, пожарникарите од Штип гаснеле запалена нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација помеѓу селата Горни Балван и Горно Трогирци и
пожарникарите од Куманово гаснеле запалена сува трева и ниска вегетација кај с.Љубодраг, велат од ЦУК.

Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.626. „Реални“ повици за итни случаи имало 34.93 проценти. Имало 65.07 отсто други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.

Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон Полицијата биле упатени 46.83 % од повиците, кон Итната медицинска помош 46.83 %, а кон пожарникарите биле упатени 2.53 %, кон АМСМ имало 1.28 % и кон ЦУК имало 7.59 % од итните реални повици за комбинирано решавање, секако заедно со другите 65.07 %, именувани и како „неитни повици“. ЦУК, преку својот Сектор за операции и координација ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, се наведува во соопштението.

Во 19:52 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиено известување за изгубено машко лице кое имало психички проблеми и избегало од дома од с. Дрен во Општина Демир Капија.

Брзо беше организирана потера од роднини, месно население и полицајци од Полициската станица Неготино. Лицето беше пронајдено надвор од селото кон месноста „Краставец“, за среќа само за околу еден час (околу 21 часот), бидејќи навечер температурите паѓаат на отворен простор и може да биде опасно по здравјето и животот на луѓето, особено ако не носат соодветна облека според надворешната температура, додаваат од Центарот за управување со кризи.

Continue Reading

Претходно: Денес се празнува Св. Архангел Михаил
Следно: Променливо облачно во текот на денот, претпладне магла по одделни котлини

Поврзани вести

20260914152710_big_730x400_34
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

Шеталиште 14/09/2026 13:52
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Скопје гледа кон Чаир и посакува за прв триумф во елитата

Димитар Петковски 14/09/2026 10:15
sobranie
  • Македонија

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт

Шеталиште 14/09/2026 06:43
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините nis_piu_motorno_gorivo1-1 1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

14/09/2026 14:16
СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана policija_1000x666-1 2
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

14/09/2026 14:04
43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност

14/09/2026 13:59
Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си policija-8 4
  • Прилеп инфо

Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си

14/09/2026 13:54
Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги 20260914152710_big_730x400_34 5
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

14/09/2026 13:52

Можеби сте пропуштиле

etna-vulkan
  • Патувањa

Повторно затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна

Шеталиште 14/09/2026 14:17
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

Шеталиште 14/09/2026 14:16
20260914094626_big_730x400_40
  • Рецепти

Вкусен ручек за целото семејство: Потпечени макарони со спанаќ

Шеталиште 14/09/2026 14:07
policija_1000x666-1
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

Шеталиште 14/09/2026 14:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани