Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ЦУК: Има 1.642 повика на 112 во последното деноноќие

admin 15/01/2024 00:00
цуг-112-1-1024x683-1

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.642 повика на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 43,61 %, а 1,95% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 42,19 %, кон Итната медицинска помош 45,70 %, кон пожарникарите 10,16 % од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Инаку, 1.234 повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,95 % со другите 1,95% што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а на директно коордирнирање за нивно решавање.

Според извештаите во ЦУК за регистрираните пожари, податоците покажуваат дека и покрај студените температури, пожари на отворено се уште има, особено за викендите. Пожарникарите од Македонска Каменица, од Берово при два случаја и од Скопје при четири случаи имале такви интерванции. Ваквите пожари на отворено, покрај тоа што ја загрозуваат околината, особено го загрозуваат квалитетот на амбиенталниот воздух во подрачјата каде што е веќе загаден, како што е Скопската котлина. Паралелно, пожарникарите во државата интервенирале и на повеќе пожари во населените места, при што дел од слични пожари во населени места биле заради запалени оџаци, што оваа грејна сезона се многу чести, а се потенцијална опасност за опасни поголеми пожари. ЦУК, заедно со медиумите, алармираше да се чистат превентивно оџаците согласно препораките на пожарникарите, па макар и сега во зимската грејана сезона. Запалени оџаци вчера гаснеле во Тетово, Штип, Охрид и Битола. Во последните три деноноќија имаше и три регистрирани излизгувања на возила и заглавувања: секое деноноќие по едно – на Пониква, на Галичица и вчера кај Брана Водоча во Струмичко.

Од многуте итни случаи во последното деноноќие издвојуваме само две информации од ситуации што биле животозагрозувачки во поголема мера.
Регионалниот ЦУК Струмица, извести дека околу пладне била добиена пријава од граѓанин за излетано возило од патот на патниот правец од Струмица кон Брана Водоча. Веднаш биле известени МВР и ТППЕ Струмица кои излегле на терен и констатирале дека се работи за излетано возило надвор од патот во длабочина од 5 м. Лицата ги немало во и околу возилото, биле барани и било констатирано дека имало две лица и коишто за срека не биле повредени. Инаку, двете лица сами го напуштиле местото на настанот и не го пријавиле сами и на време случајот. Излизганото возило од долот длабок 5 метри, вчера попладне било извлечено.

Вториот случај за животозагрозувачка ситуација при итен случај се случил кога пожарникарите од Скопје вчера со еден ПП тим гаснеле запалена електрична инсталација на ул. „Пекљане“ бр.1А во Општина Ѓорче Петров, каде што едно лице добило гушење од чад и истото било евакуирано и безбедно било пренесено во болница.

Continue Reading

Претходно: АМСМ: Снег на планинските превои Буково и Пресека, магла на патот Делчево – Македонска Каменица
Следно: Голем температурен шок: Во петок температури до 17 степени, а во сабота ќе паднат за повеќе од 20 – Еве ги деталите

Поврзани вести

Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00
sv-mitrofan
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

Шеталиште 17/06/2026 07:19
Oblacno-vreme-vo-skopje
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Шеталиште 17/06/2026 07:18
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега policija-8 1
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

17/06/2026 14:55
Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица Screenshot 2026-06-17 123422 2
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

17/06/2026 13:00
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка 1-denari-pari-1 3
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

17/06/2026 12:48
Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер Oblacno-vreme-vo-skopje 5
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

17/06/2026 07:18

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

Шеталиште 17/06/2026 14:55
img-89e590f70cfd8cba5dc679aafdbe70e1-v-696x522
  • Настани

Работилница за мозаик за млади во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Шеталиште 17/06/2026 14:54
Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00
1-denari-pari-1
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

Шеталиште 17/06/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани