Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ЦУК: Крушево со заматена вода за пиење по поројните врнежи, службите интервенираат и во другите делови од земјата

Шеталиште 10/01/2026 12:41
zamatena-voda

Во Крушево, поради поројните врнежи, водата за пиење е заматена и се препорачува превривање најмалку 10 минути. Нивото на Црна река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата каде претходно имало излевање. Екипи од ЈП „Комуна“, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежните служби работат на зајакнување на насипите кај критичните точки, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Во општините Кочани и Штип, кај Оризарска река во селото Грдовци е регистрирано излевање, при што Водостопанство „Брегалница“ интервенира со багер гасеничар. Механизацијата е сѐ уште на терен, а од понеделник ќе започне чистење на речното корито од Грдовци кон Оризари за да се спречат идни штети. Сообраќајот на патниот правец Кочани–Грдовци е нормализиран, додека на повеќе патни правци во источниот дел има одрони кои се расчистуваат од екипи на Македонијапат.

Во Битола, во населбата Стрчин, КЈП „Нискоградба“ интервенира со механизација за отстранување на нанос од чакал и земја. Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини без опасност по објектите, додека во селата Жабени и Породин се поплавени земјоделски површини и ЈП Водостопанство интервенира на Жабјанска река. Елешка река исто така е излеана, но нивото на водата во реките е во опаѓање.

Во Ресен се евидентирани поплавени земјоделски површини, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка. Нивото на Голема река е намалено од 2,20 на 1,40 метри. Ангажирани се екипи од ЕЛС Ресен, Македонијапат и ЈКП „Пролетер“, а состојбата е нормализирана.

Во Демир Хисар, локалниот пат кон селото Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост на Боишка река, а локацијата е обезбедена од надлежните служби.

Во прилепските села Лажани и Пешталево се пријавени поплавувања поради неисчистени канали, при што во Лажани е евидентирана штета кај еден жител со поплавен двор и приземни простории, како и оштетување на тутунот. Во двете села интервенираше градежна механизација за расчистување на каналите.

Во Тетово, патот кон Бање Тетово е исчистен, но сообраќајот е забранет од страна на СВР Тетово од безбедносни причини. Патиштата кон селата Жерма и Бродец се проодни, а состојбата во селото Стримница, Општина Желино, се следи континуирано од надлежните служби. 

Фото: МИА архива

Continue Reading

Претходно: Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини
Следно: СДСМ Само со техничката влада е можен обид за фер избори

Поврзани вести

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18
SFERA1
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

Шеталиште 13/08/2026 11:43
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани