Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ЦУК: Над 36 пожари на отворено за 24 часа, четири активни

admin 08/02/2024 00:00
цуг-112-1-1024x683-1

Над 36 пожари на отворено имало изминатите 24 часа, а четири сѐ уште се водат како активни, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Кога станува збор за пожари на шуми и на вегетација на отворено, во последното деноноќие имало 36 регистрирани по пријава, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

Од „зимските“ 36 пожари на отворено во последното деноноќие, четири сѐ уште се водат како активни, појаснуваат од ЦУК.

Еден од пожарите бил во близина на село Виниче на Скопска Црна Гора, општина Гази Баба.

За ова од ЦУК биле известени пожарникарите од БППЗ на град Скопје, кои поради непристапност на теренот не можеле да интервенираат.

Исто така, известени биле и во општина Гази Баба, како и ДЗС и ЈП Национални шуми – подружница „Караџица“.

Пожарникарите од ТППЕ Пробиштип го ставиле под контрола пожарот што избувнал на 6 февруари во 17 часот, во атарот на селото Јамиште.

– Екипата од Национални шуми – подружница „Пробиштип“ постојано ја следела ситуацијата, иако се очекувало во текот на ноќните часови, пожарот да биде самоизгаснат, додаваат од ЦУК.

Вчера било добиено известување и за два пожара на отворен простор – над селото Добри Дол, општина Врапчиште и над селото Корита во форинскиот дел, општина Гостивар.

– Пожарот над селото Добри Дол првично бил во ниви, потоа излегол од контрола и се проширил на багремови дрвја и смреки.

Местото било тешко пристапно заради граничење во просторот со пат и река можноста од проширување била намалена.

Еден вработен од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Шар“ во текот на ноќта бил задолжен да дежура и ако пожарот не се самоизгасне, ќе алармирал да се интервенира во текот на почетокот на денов.

Пожарот над селото Корита, исто така, е на тешко пристапниот терен и во текот на ноќта, екипата од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Шар“, не можеше да интервенира заради безбедносни причини.

Екипата планирала да интервенира во текот на утринските часови, ако пожарот е сѐ уште активен, појаснуваат од ЦУК.

Се апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

– Инаку, вчера ЦУК извести дека три лица починаа при пожари.

Едно при гаснење пожар на отворено на сопствена нива кај селото Псача, друго при пожар на куќа во селото Косевица и трето лице при пожар на штала во селото Оџалија во општина Карбинци, потсетуваат од ЦУК.

Во последното деноноќие имало вкупно 1. 786 повици на единствениот број за итни случаи 112, од нив, „реални“ повици биле 46,98 отсто, а 53,02 проценти биле за други потреби на граѓаните, неитни.

Кон полиција биле упатени 56,60 отсто, кон Итната медицинска помош – 31,70 проценти, а кон пожарникарите – 9,06 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Continue Reading

Претходно: Економските експерти предупредуваат на ризик од рецесија во Европа до крајот годинава
Следно: Грчките земјоделци од денеска ги блокираат сите гранични точки

Поврзани вести

venera-planeta
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

Шеталиште 16/03/2026 17:36
AEK
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

Шеталиште 16/03/2026 17:33
sdsm
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

Шеталиште 16/03/2026 17:32
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Русија се враќа на Венера venera-planeta 1
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

16/03/2026 17:36
АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга AEK 2
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

16/03/2026 17:33
СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените sdsm 3
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

16/03/2026 17:32
Од утре дожд и пониски температури dozd 4
  • Вести
  • Македонија

Од утре дожд и пониски температури

16/03/2026 17:30
Селекторот Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои ќе настпат на баражот за Светскиот шампионат sedloski-press-001-1536x1044 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Селекторот Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои ќе настпат на баражот за Светскиот шампионат

16/03/2026 13:16

Можеби сте пропуштиле

venera-planeta
  • Вести
  • Свет

Русија се враќа на Венера

Шеталиште 16/03/2026 17:36
chat-gpt-pexels-1068x712
  • Живот
  • Технологија

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак

Шеталиште 16/03/2026 17:35
AEK
  • Вести
  • Македонија

АЕК предлага побрз широкопојасен интернет во рамките на универзалната услуга

Шеталиште 16/03/2026 17:33
sdsm
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

Шеталиште 16/03/2026 17:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани