Во државата во моментов нема активни пожари на отворен простор. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), сите 11 пожари кои беа евидентирани во текот на ноќта се успешно ликвидирани.
До 07:00 часот утринава, еве ја состојбата со изгаснатите пожари по општини и локации: Во општина Долнени, кај селото Стровија, зад локалитетот Гајдарец-Клепало, беше изгаснат пожар во нискостеблеста шума. Во општина Липково, во селото Слупчане, беше ликвидиран пожар на ниска вегетација. Во општина Чашка, во селото Богомила, горела мешана шума. Во општина Македонски Брод, во селото Грешница, се запали деградирана нискостеблеста шума. Повторно во општина Долнени, во селото Лажани, беше изгаснат пожар на ниска вегетација.
Во општина Тетово, на улицата 146, гореле сува трева и отпад. Во општина Врапчиште, во селото Добри Дол, се запалила нива. Во општина Кичево, во селото Цер, гореле ѓубре и ниска вегетација. Повторно во општина Кичево, во селото Челопеци, беше изгаснат пожар на ниска вегетација. Во општина Делчево, во селото Вратиславци, горела ниска вегетација, и конечно, во општина Виница, над „Мебел Ви“, исто така горела ниска вегетација.
„Сите, вкупно 11 што биле регистрирани во текот на ноќта, се изгаснати,“ информираат од ЦУК.

