Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

ЦУК: Четири активни пожари низ земјава, три хеликоптери го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

Шеталиште 07/07/2025 08:51
pozar-kondovo-helikopter-mvr

Во моментов има 12 пожари на отворено, од кои четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати, објави ЦУК.

Активни се пожарите во Општина Прилеп: село Бешиште, каде е зафатена мешана шума, во Општина Македонски Брод во село Црешнево каде гори деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка под Солунска глава, помеѓу изворите на Бабуна и Бабина дупка – само чад во карпест дел (шумски пожар).

 

Во Општина Чучер Сандево: помеѓу село Блаце и село Чучер зафатена е мешана шума и ниска вегетација. За негово гаснење од утрово во пет часот ангажирани се два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, како и три возила на Дирекцијата за заштита и спасување – еден хермелин со цистерна, еден пинцгауер на и едно теренско возило „амарок”, дејствуваат како поддршка на скопската БППЗ (Бригада за противпожарна заштита Скопје) која со повеќе пожарникари и возила го гаси големиот пожар на отворен простор на територијата на општина Чучер Сандево над магистралниот пат Скопје – Блаце, кој изби вчера во попладневните часови.

Како што изјави директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, најверојатна причина за пожарот во оштина Чучер Сандево е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување.

-Од мое непосредно забележување можам да кажам дека овој пожар изби непосредно до магистралниот пат кон Блаце и можна причина е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување. Затоа, апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно и никогаш да не фрлаат отпушоци од цигари надвор од возило, дури и тогаш кога се убедени дека се изгаснати, апелира Ангелов.

Доколку забележат пожар, посочи тој, граѓаните веднаш да се јават на бројот 112.

МВР утрово соопшти дека патниот сообраќај до граничниот премин Блаце ноќеска е нормализиран и укината е и забраната за товарните моторни возила и за автобусите. Сообраќајот на оваа делница синоќа поради пожарот над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот, кој се прошири, беше пренасочен за патнички возила, а беше воведена забрана за товарни моторни возила.

Инаку, локализиране е пожарот во општина Делчево каде гореше Градска депонија.

Изгаснати се пожарите во Општина Сара во село Љубин каде гореше ниска вегетација и борова шума, во Општина Ѓорче Петров во населба Даме Груев, покрај река Лепенец каде беше зафатена ниска вегетација, потоа во Општина Карпош кај болницата во Бардовци каде гореа грмушки и ниска вегетација. Во Општина Прилеп пожарот кај Фабриката Партизанка со кој беше зафатена ниска вегетација и дрвен праг од железничка пруга, стрниште гореше во Општина Чешиново-Облешево во село Чешиново, како и ѓубре и ниска вегетација на ул.„Октомвриска револуција“ кај My market и гуми и ѓубре кај автопатот близу бензинска пумпа Макпетрол во општина Куманово.

Continue Reading

Претходно: Уште два дена со температури над 40 степени, од среда конечно освежување
Следно: Раул Алонсо ја напушти клупата на Еурофарм Пелистер

Поврзани вести

11-050
  • Македонија

Денес се празнуваат Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира

Шеталиште 11/05/2026 07:22
dozd-cador-1
  • Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне краткотраен пороен дожд, грмежи и ветер

Шеталиште 11/05/2026 07:18
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус hantavirus11-1024x682 1
  • Свет

Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус

11/05/2026 11:28
Стручна дебата во Битола: Потребни се законски измени за безбедно возење тротинети large (21) 2
  • Битола инфо

Стручна дебата во Битола: Потребни се законски измени за безбедно возење тротинети

11/05/2026 11:24
Од полноќ големо поевтинување на дизелот – еве за колку денари gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Од полноќ големо поевтинување на дизелот – еве за колку денари

11/05/2026 11:22
Од полноќ нови цени на горивата Горива-бензин-дизел-2-1 4
  • Економија

Од полноќ нови цени на горивата

11/05/2026 08:24
Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово 20260511094653_big_730x400_12 5
  • Прилеп инфо

Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово

11/05/2026 08:10

Можеби сте пропуштиле

hantavirus11-1024x682
  • Свет

Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус

Шеталиште 11/05/2026 11:28
large (21)
  • Битола инфо

Стручна дебата во Битола: Потребни се законски измени за безбедно возење тротинети

Шеталиште 11/05/2026 11:24
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Од полноќ големо поевтинување на дизелот – еве за колку денари

Шеталиште 11/05/2026 11:22
Горива-бензин-дизел-2-1
  • Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Шеталиште 11/05/2026 08:24

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани