Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ЦУК: 2.169 повици на 112 во последното деноноќие, извлечен заглавен турски државјанин во Струмичко

admin 01/02/2024 00:00
цуг-112-1-1024x683-1

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.169 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 36,42 отсто, а 63,58 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 57,85 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 31,42 отсто, а кон пожарникарите 9,20 отсто од реалните повици кон 112.

– По добиен повик на 112 за заглавен турски државјанин во предел меѓу село Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија, Регионалниот ЦУК Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што Гранична полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот, соопшти ЦУК.

Пожари на шуми и вегетација на отворено во државата се уште има според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи. Во последното деноноќие имало десетина пријавени пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

ЦУК апелира да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух. Граѓаните да ги слушаат препораките на пожарникарите преку медиумите за превенција од пожари. ЦУК апелира и на внимателност при прошетките во природа, на повисоките места и планините во нашата држава бидејќи при зимски услови на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот.

Continue Reading

Претходно: Штрајк: Koj заглави во Германија денеска не може да се врати со авион
Следно: Дневен хороскоп (01.02.2024)

Поврзани вести

Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

Шеталиште 08/10/2026 06:50
+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

Шеталиште 08/10/2026 06:43
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50
Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност 75775 2
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

08/10/2026 06:46
Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население + 3
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

08/10/2026 06:44
Сончево и релативно топло со мала локална облачност esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794 4
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

08/10/2026 06:43
Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 5
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47

Можеби сте пропуштиле

torta-
  • Рецепти

Медена торта вкус што не се заборава

Шеталиште 08/10/2026 07:03
DB2017AU01461_web_1600
  • Автомобили

Најпродавани компактни СУВ во Европа до август

Шеталиште 08/10/2026 06:57
horoscop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (08.10.2026)

Шеталиште 08/10/2026 06:52
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

Шеталиште 08/10/2026 06:50

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани