Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Честит Илинден – Битола со почит го одбележува празникот

Шеталиште 02/08/2025 10:50
IMG_1553

По повод големиот државен празник Илинден, градоначалникот на општина
Битола, Тони Коњановски, заедно со делегација од Советот на општина
Битола, претставници на Сојузот на борци и политичките партии, положија
свежо цвеќе пред споменикот на двата Илиндена кај Центарот за култура и
пред Споменикот на илинденците во храмот „Света Недела“. Со овој чин
беше оддадена почит на сите кои со својата жртва ја извојуваа слободата
што ја живееме денес.

По повод празникот, градоначалникот Коњановски упати честитка до
граѓаните, посакувајќи низ идеалите на нашите Илинденци, да ги надминеме
предизвиците на денешнината и да продолжиме да создаваме подобра иднина
и сигурност за новите генерации:

„Пред 122 години започна востанието кое ги постави темелите на нашата
борба за слобода, а пред 81 година АСНОМ ја зацврсти идејата за
независна држава.

Денес го славиме Илинден – симбол на заедништво, храброст и истрајност.
Од Илинденското востание и Крушевската република, преку Првото заседание
на АСНОМ, до денешната независна Македонија, ја чуваме заветната мисла
на нашите херои: државата се гради со љубов, посветеност и борба за
заедничка иднина.

Со почит кон сите што го положија животот за Македонија, наша должност е
нивните идеали да ги преточиме во дела – преку почит, разбирање и
единство, да создадеме посилна и посигурна татковина за идните
генерации.

Нека ни е честит Илинден! Нека ни е вечна Република Македонија!“, посака
во честитката, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Фото: Општина Битола

IMG_1566
IMG_1501
IMG_1466
IMG_1488

Continue Reading

Претходно: 54. Семакедонска средба во Трново
Следно: Саботно „корзо“ на битолчани (02.08.2025)

Поврзани вести

kup-grupna-1536x1027
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“

Димитар Петковски 19/05/2026 20:45
policija-bt-1
  • Битола инфо

50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка

Шеталиште 19/05/2026 14:30
lina-gjorceska
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Најдобрата македонска тенисерка елиминирана од квалификациите на Ролан Гарос

Димитар Петковски 19/05/2026 10:21
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“ kup-grupna-1536x1027 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“

19/05/2026 20:45
Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден img_2839-1200x670 2
  • Прилеп инфо

Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден

19/05/2026 14:37
Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи 20260519143612_big_730x400_77 3
  • Македонија

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи

19/05/2026 14:35
50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка policija-bt-1 4
  • Битола инфо

50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка

19/05/2026 14:30
МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола policija_1000x666-1 5
  • Македонија

МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола

19/05/2026 14:27

Можеби сте пропуштиле

kup-grupna-1536x1027
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“

Димитар Петковски 19/05/2026 20:45
img_2839-1200x670
  • Прилеп инфо

Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден

Шеталиште 19/05/2026 14:37
20260519143612_big_730x400_77
  • Македонија

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи

Шеталиште 19/05/2026 14:35
policija-bt-1
  • Битола инфо

50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка

Шеталиште 19/05/2026 14:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани