Вчера во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Т.А., З.А., Ш.А. и Џ.А., сите од Прилеп осомничени дека нападнале цело семејство нивни сограѓани.
„Уапсените се сомничат дека околу 15:30 часот заедно со уште две лица физички го нападнале К.Ф.(38) од Прилеп, неговиот брат А.Ф. и нивната сестра, при што употребиле дрвени и метални предмети. Претходно, во 14 часот и Е.А.(47) од Прилеп пријавил дека околу 9:30 часот, тој и неговиот син Т.А.(24) биле физички нападнати од А.Ф., К.Ф. и С.Ф., сите од Прилеп, кои употребиле тврди предмети. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.