НАЈНОВО

ВестиМакедонија

Четворица прилепчани узурпирале плажа и си направиле камп – полицијата ги пријави

За делото „узурпација на недвижности“ четворица прилепчани заработија кривична пријава од СВР Охрид.

Се работи за Ц.Б.(64), М.И.(67), П.С.(41) и Б.Р.(63), сите од Прилеп, кои, како што соопшти СВР Охрид, на 19.08.2022 година, во атарот на охридското село Љубаништа, неовластено зазеле плажа покрај брегот на Охридското Езеро во државна сопственост.

-При тоа, без одобрение од надлежен државен орган, противправно поставиле камп единица, составена од шатори, камп приколки и моторни возила адаптирани за кампување, информираше охридската полиција.

Поврзани новости