Навивачката група „Чкембари“, излезе со соопштение дека нема да присуствува организирано на натпреварите од регионалната ракометна лига. Според нив ова натпреварување не е приоритет за навивачката група и го сметаат распоредот за ‘преоптоварен’ односно не’ остава впечаток дека лигата е сфатена со потребната сериозност!
Во продолжение, прочитајте го во целост соопштението на битолската навивачка група.
СООПШТЕНИЕ
Ја известуваме битолската спортска јавност дека навивачката група Чкембари нема да присуствува организирано на натпреварите од регионалната ракометна лига.
Ова натпреварување не е приоритет за групата, а сметаме дека ниту начинот на кој е составен распоредот не остава впечаток дека лигата е сфатена со потребната сериозност. Во само седум дена се предвидени три домашни натпревари, што според нас дополнително го девалвира значењето на самото натпреварување.
Сметаме дека во вакви услови и нашиот клуб не треба да ја третира регионалната лига како натпреварување од највисок приоритет.
Сепак, ги охрабруваме сите навивачи на Пелистер кои се во можност да присуствуваат на натпреварите и да им дадат поддршка на нашите ракометари, пред почетокот на новата сезона.
Чкембари

