Ароматични мафини со природна сладост од бананата и богат вкус на чоколадо. Одлични се за десерт со кафе.
Состојки:
- 2 зрели банани
- 2 јајца
- 100 g кафеав шеќер (или мед за поздрава варијанта)
- 80 ml масло
- 150 g брашно
- 30 g какао во прав
- 1 лажичка прашок за печиво
- Малку ванила
- Чоколадни капки или парчиња (по желба)
Подготовка:
- Изгмечи ги бананите со вилушка.
- Додај јајца, шеќер и масло – убаво измешај.
- Во друга чинија промешај брашно, какао и прашок за печиво.
- Соедини ги сувите со течните состојки, додај ванила и чоколадни капки.
- Стави смеса во калап за мафини и печи на 180°C околу 20 минути.
ФОТО: www.momsdish.com

