Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Чупеска: Министерството за правда ја саботира реформската агенда

Шеталиште 25/06/2025 13:47
Ana Cupeska

Почитувани претставници на медиумите, репортери, присутни, граѓани,

Денес сме принудени гласно да алармираме за катастрофалниот застој на реформските процеси во нашата држава.

Владата на ДПМНЕ, за жал, не претснува да демонстрира шокантна неподготвеност и целосно отсуство на свест за неопходноста од итно спроведување на реформска агенда, особено кога станува збор за судски реформи – од кои, како што знаеме сите , директно зависи квалитетот на нашиот живот. И, ова не само што го кочи секојдневното живеење, туку и директно ја компромитира нашата европска перспектива.

Како одговорна опозиција, СДСМ пружи искрена рака за соработка и државнички понудивме конкретна помош и сериозна експертиза за реализација на државните приоритети поврзани со реформскиот процес.

Тоа, беше потврдено и на лидерската средба на нашиот претседател со премиерот, во април.

Но, денес, одговорно тврдам дека наидовме на непробоен ѕид!

Сведочиме, имено на недозволив недостаток на одговорност и срамно отсуство на соработка од владините институции, и, особено, сакам да нагласам од Министерството за правда.

Оваа, сметаме дека е злонамерна опструкција во однос на пакетот реформски закони, и станува бесрамно видливо.

Работната група, која ја предводев по овластување од претседателот Филипче, исклучително и посветено работеше на законите.

Но, ние се соочивме со перманентна нереспонзивност од Министерството за правда. Замислете, бевме упатени сами да ги обезбедуваме нацрт-законите од ЕНЕР, бидејќи Министерството одбиваше директна и суштинска соработка, односно размена на предлозите за кои постојано тврди дека ги разработува.

Се прашуваме, дали воопшто постојат такви работни материјали ?

И покрај ова неприфатливо и подмолно однесување, ние подготвивме и доставивме детални мислења и забелешки за јавно објавените предлози за закони, кои уредно ги архивиравме во Министерството.

Како СДСМ, имаме суштински и многу сериозни забелешки за овие решенија.

Денес накратко ќе ја информираме јавноста за нив, а нашите анализи ќе бидат објавени на нашиот веб-сајт за сите да може да ги видат и да ги консултираат.

Нашите анализи откриваат шокантна реалност: непример  Законот за Судскиот совет открива поразителна слика, затоа што од препораките на оценската мисијата, на пример, цели 8 остануваат неадресирани, додека 3 се само делумно имплементирани. Законот за Судски совет, почитувани присутни, ваков како што е ставен на ЕНЕР создава правен хаос, бидејќи текстот е полуготов, но, и целосно неусогласен со други релевантни закони. Со други зборови, ова решение што го ставиле на ЕНЕР,  не е решение,  туку е проблем, бидејќи изобилува со конфузија, како околу изборот на членови на Советот така и околу низа други секвенци.

Сè уште постои проблемот со терминот „истакнат правник“ и покрај сугестиите од оценската мисија, а сито така посебно обскурна е сугестијата да се предлага „опозициско“ пополнување на места во советот, бидејќи со тоа де факто се признава дека останатите места ќе бидат веќе  „политички договорени“. Ова е невидена хипокризија!

Консеквентно, јасно е дека ова не е реформа, туку е фарса!

Предложениот текст бара итни и суштински измени за да се постигне вистинска независност и кредибилитет на судството.

Најапсурдното сепак е што Владата не покажува ни најмала волја да ја урамнотежи независноста во трите гранки на власта, туку го прави токму спротивното, со што директно го нарушува уставниот поредок. Токму поради овие нешта што претходно ги наведов, ние алармиравме во делегацијата на ЕУ, и детално го известивме и амбасадорот на ЕУ, г-дин Рокас.

Наводните законски решенија, почитувани, изобилуваат со суштински пропусти кои ги загрозуваат темелните демократски принципи:

Дозволете да дадам уште еден пример за хаосот кој имаат намера да го создатат, предлагаат воведување на „тест за јавен интерес“ во Законот за слободен пристап до информации, а ова решение се чини дека има намера за фактичко прикривање информации, имено, отвора врата за самоволие и цензура, наместо транспарентност.

Кај Законот за прекршоците, несфатливо е како тоа не се предвидени доволно мерки за намалување на сообраќајните прекршоци, ниту пак системска работа со несовесните возачи. Предлагачот се фокусирал само на пенали, што е целосно неефикасно!

Кај Законот за Јавното обвинителство, наместо да се заштити независноста на ЈО, се воведуваат решенија кои овозможуваат уште подиректно мешање на извршната власт. Дополнително, скратувањето на стажот за избор во повисоки позиции го сметаме за сериозен удар врз професионализмот, додека преопштите основи за разрешување на Јавниот обвинител разорно ја поткопуваат правната сигурност. Наместо да се зајакне улогата на Советот на ЈО како стручно тело и да се гарантира право на одбрана на Обвинителот, се нудат непринципиелни решенија.

Да не должам многу, нашите детални анализи ќе ги објавиме на сајт.

Почитувани граѓани, ова што ние го воочивме изискува сериозна јавна расправа, и нашиот претседател Венко Филипче, ќе ја иницира во својство на претседател на Националниот Совет за Евроинтеграции. Во меѓувреме, нашите анализи се јавно достапни на сајтот за цела јавност да може да ги види, а со тоа и сами ќе се уверите дека оваа Влада не е посветена на вистински реформи, туку нејзин фокус е контрола овозможена со популизам. И тука особена замерка имаме за Министерството за правда, кое како клучен ресор, одбива соработка, игнорира експертиза и систематски ја поткопува правната држава, а се занимава со сè само со реформи не.

СДСМ нема да молчи! Напротив, ќе продолжиме жестоко да се бориме за вистински европски реформи, за независно судство и за држава во која владее правото, а не политичките пазарења!

Прес конференција на СДСМ, Ана Чупеска, потпретседателка

Continue Reading

Претходно: Утре и во петок многу топло со високи температури
Следно: Божиновска: Чебрен ќе стане факт, ќе ја вратиме енергетската моќ кај нас, ќе инвестираме и модернизираме

Поврзани вести

sv-macenici-600x460
  • Македонија

Денес се празнуваат Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск

Шеталиште 16/03/2026 08:57
large (11)
  • Македонија

ФОТО: Со минута молк, во 2 часот и 32 минути, оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани

Шеталиште 16/03/2026 08:56
NdGze-sonce-41217-1
  • Македонија

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Шеталиште 16/03/2026 08:09
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Денес се празнуваат Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск sv-macenici-600x460 1
  • Македонија

Денес се празнуваат Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск

16/03/2026 08:57
ФОТО: Со минута молк, во 2 часот и 32 минути, оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани large (11) 2
  • Македонија

ФОТО: Со минута молк, во 2 часот и 32 минути, оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани

16/03/2026 08:56
Видео: Ученици од ОУ “Климент Охридски” од Прилеп со емотивен перформанс им оддадоа почит на зе од Кочани Screenshot_20260316_093219_Facebook 3
  • Прилеп инфо

Видео: Ученици од ОУ “Климент Охридски” од Прилеп со емотивен перформанс им оддадоа почит на зе од Кочани

16/03/2026 08:38
Грам злато денеска се тргува за 140 евра 2430029_zlato-nemecko-usa-stahovani-evropa-1 4
  • Економија

Грам злато денеска се тргува за 140 евра

16/03/2026 08:10
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер NdGze-sonce-41217-1 5
  • Македонија

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

16/03/2026 08:09

Можеби сте пропуштиле

sv-macenici-600x460
  • Македонија

Денес се празнуваат Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск

Шеталиште 16/03/2026 08:57
large (11)
  • Македонија

ФОТО: Со минута молк, во 2 часот и 32 минути, оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани

Шеталиште 16/03/2026 08:56
20260316090841_big_730x400_37
  • Рецепти

Спанаќ со ориз и јајца

Шеталиште 16/03/2026 08:54
Screenshot_20260316_093219_Facebook
  • Прилеп инфо

Видео: Ученици од ОУ “Климент Охридски” од Прилеп со емотивен перформанс им оддадоа почит на зе од Кочани

Шеталиште 16/03/2026 08:38

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани