Ракометарите на Вардар 1961 вечерва го совладаа актуелниот шампион екипата на Еурофарм Пелистер со 34:19. „Црвено-црните“ со оваа победа имаат 56 бодови и се сигурни нови шампиони на три кола до крајот на Супер лигата во ракомет во Македонија.

Натпреварот од 7. коло од плејофот не изгледаше како дерби бидејќи „црвено-црните“ уште од стартот го имаа водството до самиот крај. Во салата “Јане Сандански” по првите 30 минути на семафорот гласеше 18-12, додека во вториот дел ‘зелено-белите’ во цели 17 минути постигнаа само 2 гола, што е испод секое ниво на клуб кој ја носи титулата шампион и во тековната сезона настапуваше во ракометната Лига на Шампиони.
https://www.youtube.com/watch?v=IgccHzTBLMQ

Во Вардар 1961 најпрезицен беше Митровиќ со 8 гола, а Малус даде шест голови. Кај Еурофарм Пелистер, Радивојевиќ и Кузмановски имаа по пет погодоци, голманот Никола Митревски запиша осум одбрани.


