Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

Шампионот МЗТ го совлада Пелистер во „Јане Сандански“ и стигна до четвртата победа

Димитар Петковски 02/11/2026 06:06
Screenshot_20261102_070539_Facebook

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром брзо се вратија на победничкиот пат по првиот пораз во сезоната, забележан на гостувањето во Струмица. Во натпреварот од петтото коло, актуелниот шампион го совлада Пелистер со 74:60 и ја запиша четвртата победа во досегашниот тек на шампионатот.

„Металците“ уште во првата четвртина најавија дека бодовите ќе останат во СЦ „Јане Сандански“. За нешто повеќе од седум минути игра направија предност од 20:9, а првиот период го завршија со водство од 22:13.

Пелистер одигра подобро во втората четвртина и успеа да се врати во натпреварот. По тројката на Вилсон, битолчани стигнаа до израмнување (29:29), но завршницата на полувремето повторно им припадна на домаќините. МЗТ Скопје одговори со серија од 13:2 и на одморот замина со двоцифрена предност (42:31).

Во второто полувреме шампионот ја контролираше играта и резултатот. По поентирањето на Војдан Стојановски, домашниот состав стигна до највисоките 46:33. Пелистер се обиде да се врати, па пред крајот на третата четвртина ја намали негативата на 45:52, но Андоновски повторно донесе посигурно водство за МЗТ (54:45).

Следуваше нова серија на домаќините од пет поени, со која предноста се искачи на 59:45. Иако до крајот имаше уште осум минути, „зелено-белите“ не успеаја сериозно да ја загрозат предноста на актуелниот шампион. Пелистер уште еднаш ја намали разликата на едноцифрена, но МЗТ Скопје ја задржа контролата и рутински го приведе натпреварот до крај за конечни 74:60.

Репрезентативниот бековски тандем Лука и Војдан Стојановски го предводеше МЗТ Скопје до новиот триумф. Лука Стојановски беше најефикасен со 18 поени, додека Војдан реализираше 13 поени, со седум скока и три асистенции. Двоцифрен учинок имаше и Крајиниќ со 12 поени и пет скока. За МЗТ Скопје повторно настапи и Адем Мекиќ.

Во редовите на Пелистер, Димитриев постигна 12 поени, додека Денинг, Кочовиќ и Златевски натпреварот го завршија со по 10 поени.

По ова коло, МЗТ Скопје Аеродром има биланс од четири победи и еден пораз (4-1), додека Пелистер е на скор од две победи и три порази (2-3). КФМ

Continue Reading

Претходно: Народна банка воведе принудна управа во Алта банка, секој граѓанин може да подигне само 10.000 денари неделно
Следно: Нови такси од две евра за онлајн-нарачките во ЕУ, што ќе значи тоа за македонските купувачи?

Поврзани вести

82460
  • Македонија

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие

Шеталиште 10/11/2026 08:03
Zgrada-na-Sobranieto
  • Македонија

Седници на две собраниски комисии

Шеталиште 10/11/2026 08:01
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Шеталиште 10/11/2026 07:57
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие 82460 1
  • Македонија

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие

10/11/2026 08:03
Седници на две собраниски комисии Zgrada-na-Sobranieto 2
  • Македонија

Седници на две собраниски комисии

10/11/2026 08:01
Денеска променливо облачно време со сончеви периоди oblacno-vreme-1 3
  • Македонија

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

10/11/2026 07:57
Регионалната комора иницира нови партнерства за посилна бизнис-заедница и општествен развој на Битола sostanok Regionalna komora Bitola 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Економија

Регионалната комора иницира нови партнерства за посилна бизнис-заедница и општествен развој на Битола

10/11/2026 07:19
Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип Screenshot_20261109_091718_Facebook 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип

09/11/2026 18:45

Можеби сте пропуштиле

82460
  • Македонија

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие

Шеталиште 10/11/2026 08:03
20261110081828_big_730x400_96
  • Филм

Шварценегер организира „потрага по богатство“ во Виена

Шеталиште 10/11/2026 08:03
Zgrada-na-Sobranieto
  • Македонија

Седници на две собраниски комисии

Шеталиште 10/11/2026 08:01
484268723_1223511193112896_7456454107197233343_n
  • Шоубиз

Осум години без Сале Блузмен: Гласот и хармониката што го живееја блузот остануваат вечни

Шеталиште 10/11/2026 08:00

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани