Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Шоубиз

Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари

Шеталиште 25/06/2025 18:00
Svarceneger

Австриско-американскиот глумец Арнолд Шварценегер е можеби најпознат како „Терминатор“, но ниеден филм од тој серијал филмови, вели, не му го донел најголемиот исплатен хонорар, т.е. заработка. Имено, во своето последно интервју од понеделникот – 23 јуни, скоро 78-годишниот актер откри дека филмот „Близнаци“ (1988) бил финансиски најуспешен за него.

– Отидовме „до таванот“ со тој филм!, нагласи Шварценегер.

Тој веднаш потоа појасни дека за тој филм не добил плата однапред, туку договорил заработка по процент. Значи, некогашниот бодибилдер ги добива парите откако снимањето и продукцијата завршиле, а филмот почнал да се прикажува ширум цел свет.

Во „Близнаци“, Шварценегер и Дени Девито глумат генетски манипулирани близнаци кои се разделени при раѓање и подоцна повторно се среќаваат.

– Продолжението требаше да се вика ‘Тројки’, но не беше направено, бидејќи режисерот – Иван Рајтман почина непосредно пред да почнеме со снимањето на филмот, додаде Шварценегер.

Прашан, кој од филмовите „Терминатор“ би го оценил како „најмалку омилен“, глумецот одговори:

– Би рекол дека најлошиот е, веројатно – број четири, бидејќи тој (филм) е направен во времето кога бев гувернер, па не бев дел од него… Како правиш филм „Терминатор“ без јас да бидам во филмот како Терминатор? Нема никаква смисла.

„Терминатор 4: Спасение“ од 2009 година, со Кристијан Бејл во главната улога, е единствениот филм во серијалот од шест дела, каде што Шварценегер нема своја улога.

Инаку, „Терминатор 2: Судниот ден“ (1991) досега има вкупна заработка од околу 520 милиони долари. А пак, „Близнаци“, според „Бокс офис моџо“, досега има заработка од над 216 милиони долари.

Фото: МИА архива

Continue Reading

Претходно: Села: Европскиот фронт нема да го поддржи законот за правична застапеност, со закон е регулирана злоупотребата што му се правеше на Балансерот
Следно: Штетна и полезна храна за мозокот

Поврзани вести

Саботно „корзо“ на битолчани (31.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (31.10.2026)

Шеталиште 31/10/2026 16:03
large (70)
  • Шоубиз

Цели 18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

Шеталиште 26/10/2026 09:57
Саботно „корзо“ на битолчани (17.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (17.10.2026)

Шеталиште 17/10/2026 14:48
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 1
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 2
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 3
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 4
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12
Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

09/11/2026 12:05

Можеби сте пропуштиле

bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44
Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани