Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Колумни

Шеталиште со дипломатски печат

Шеталиште 11/06/2025 05:25
505387604_10236134407556018_3397687660184272307_n

м-р Иван Дургутов

Пишува: м-р Иван Дургутов

Кога еден скопјанец пишува за градот на конзулите…

Град на конзулите, центар на Пелагонија, средно училиште за Ататурк како творец на современа Турција, место за прекугранична соработка со Грција, втор најголем град во Македонија, родно место на првата фармацевтка во Македонија, но и на Балканот – Рајна Алексова. А, знаевте ли и дека јули и август во Битола се одржува „Австралија опен“? Не, не, тенискиот турнир знаеме дека по македонско време е во зима, односно австралиско лето. Туку, нашинците од преку барата се тие кои тамошните зими, а тукашните лета ги поминуваат „врвејќи“ од саатот до салата и назад, неколку пати секоја вечер.

Секако, тоа е и градот со вистинското шеталиште и за дијаспората и за локалците и за туристите и за скопјаните. Тоа е домот на Широк сокак, како најдолга и најпрочуена пешачка улица и зона во Македонија, на која може да „му“ подзавиди токму и улица Македонија, во строгиот центар на главниот град.

Лично, како индивидуа силно заинтересирана за дипломатијата и меѓународните односи, првото поимање за Битола ми се нејзините конзули и конзулки како дипломатски претставници на разни земји задолжени да ги негуваат билатералните односи помеѓу земјата на прием – Македонија и земјата која ја претставуваат.

Иако како бројот на конзулите правопропорционално да се намалува со бројот на миграцијата и жителството кое е силно погодено од отворениот свет, ама и недостигот на работна сила, сепак повеќе државни знамиња секојдневно се вивнати низ Широкиот сокак.

Денес, сведочиме за активното присуство на четири почесни конзули во градот и тоа на Франција, Црна Гора, Романија и Босна и Херцеговина. Во градот се и двајцата дипломати од кариера како конзули и претставници на соседните Грција и Бугарија.

На друга тема, истовремено додека сведочиме за (ракометното) ривалство Скопје-Битола или Битола-Скопје (за да нема лутење кој град е прв напишан), да се потсетиме дека светот, а особено па Македонија е многу мала за животот во неа да го живееме поделени. Да живее Вардар, да живее Пелистер, да живее и реката Драгор и реката Вардар! Тоа бар научивме од конзул(к)ите!

Додека главниот град, најверојатно, уверливо води со содржините кои ги нуди не само пред опеаната Битола, туку и пред останатите градови ширум македонското тло, да се потсетиме дека она во кое Битолата е недопирлива е токму тоа – ШЕТАЛИШТЕТО. Нека е бериќетно!

Шеталиште не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

Continue Reading

Претходно: Театар кој се чувствува: Интервју со Васко Мавровски за ревитализацијата на НУ Народен Театар Битола
Следно: Сончево време, попладне услови за нестабилност

Поврзани вести

Anita Angelevska
  • Колумни

Споделуваме заедничка иднина

Шеталиште 25/06/2025 13:32
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 2
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 4
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани