Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Свет

Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години

Шеталиште 17/04/2026 07:27
360_f_1035544333_wo0q1e9ks15e5vczoafqkjdb204godbn-1024x683

Светот треба да се подготви за подолг период на нестабилни енергетски пазари, дури и ако кризата околу Ормускиот теснец почне да се смирува. Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија Фатих Бирол предупреди дека, ако не се обнови слободната пловидба низ теснецот, цените на енергенсите може значително да пораснат, а и во случај на отворање, пазарите нема веднаш да се вратат во нормала.

Бирол оцени дека пазарите досега го потценувале ефектот од војната, делумно затоа што танкерите со нафта и гас што веќе биле испратени пред почетокот на конфликтот успеале да стигнат до своите дестинации и привремено да го ублажат ударот. Но, предупреди дека нови испораки во март речиси и да немало, што сега почнува да се чувствува низ синџирите на снабдување.

Според неговата проценка, за обновување на изгубеното енергетско производство на Блискиот Исток ќе бидат потребни околу две години, и тоа под услов кризата да не се продлабочи дополнително. Темпото на закрепнување, вели тој, нема да биде исто во сите земји. Во Ирак, на пример, процесот би можел да трае значително подолго отколку во Саудиска Арабија.

Ова предупредување доаѓа само ден откако Бирол во интервју за Associated Press изјави дека Европа можеби има уште околу шест недели резерви на авионско гориво, што дополнително ја засили загриженоста дека енергетската криза веќе не е само прашање на цени, туку и на физичко снабдување. AP наведува дека затворањето на Ормускиот теснец веќе отвора ризик од поскапи летови, откажувања и поширок економски удар.

Бирол порача дека светска економија вредна 110 трилиони долари не смее да биде заложник на неколку вооружени актери и дека актуелната криза само покажала колку тој ризик бил реален.

Иако цените на нафтата денес благо се намалија поради надежите за нови разговори и можно смирување на фронтот, аналитичарите предупредуваат дека тоа не значи крај на кризата. Пазарите реагираат на дипломатските сигнали, но штетата врз производството, логистиката и снабдувањето би можела да се чувствува уште долго пренесува трн.мк

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (17.04.2026)
Следно: Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак

Поврзани вести

9876546789
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Ракометната Лига на шампиони: Германските гиганти во едно едното и финалето од пред две години во другото полуфинале е исходот

Димитар Петковски 12/05/2026 20:51
unitednation
  • Свет

ОН: Светот се соочува со масовен глад ако итно не се отвори Ормускиот теснец

Шеталиште 12/05/2026 07:15
hantavirus11-1024x682
  • Свет

Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус

Шеталиште 11/05/2026 11:28
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Ракометната Лига на шампиони: Германските гиганти во едно едното и финалето од пред две години во другото полуфинале е исходот 9876546789 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Ракометната Лига на шампиони: Германските гиганти во едно едното и финалето од пред две години во другото полуфинале е исходот

12/05/2026 20:51
Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали u-16 2
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

12/05/2026 17:09
31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана policija-8 3
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

12/05/2026 12:07
18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола 3policija-420x240-138854-1 4
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

12/05/2026 12:07
21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар napad-noz-960x636-640x424 5
  • Прилеп инфо

21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар

12/05/2026 12:05

Можеби сте пропуштиле

9876546789
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Ракометната Лига на шампиони: Германските гиганти во едно едното и финалето од пред две години во другото полуфинале е исходот

Димитар Петковски 12/05/2026 20:51
u-16
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

Димитар Петковски 12/05/2026 17:09
policija-8
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

Шеталиште 12/05/2026 12:07
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

Шеталиште 12/05/2026 12:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани