Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

Широк сокак – таа мала градска енциклопедија на Балканот

Шеталиште 27/07/2026 08:51
20260716094822_big_730x400_21

Во средината на 19. век, на трасираната улица која почнувала од мостот кај некогашната библиотека „Интифа“ (денешен Судски Мост), покрај Градскиот часовник, вдолж кон Тумбе кафе, до Офицерски дом, изграден е Широк сокак, таа мала градска енциклопедија на Балканот.

Широк сокак не е само урбан простор, туку живо, симболичко и симбиотско јадро на градскиот идентитет, во кое се вградени историските слоеви, културните влијанија и човечки судбини, забележа Зоран Ѓоргиев, публицист кој во своите „Приказни од Широк сокак“ за главната битолска улица вели дека е срцето низ кое Битола најсилно чука.

Надалеку познатиот Широк сокак датира од средината на 19. век, време во кое голем придонес дале француските лазаристи, католички ред, чија централа се наоѓала во Париз. Најзаслужен за тоа бил првиот лазарист, подоцнежниот супериор Жан Жозеф Лепавек, кој во градот пристигнал во 1850 година и улицата ја оценил за најпогодна и не само што била главна, туку имала и објект во кој можела да се смести неговата мисија, односно хотелот на офицери од османлиската војска. За кусо време, улицата ќе биде „заградена“ со прекрасни фасади и прекрасно архитектонско јадро со француски вкус кој силно ќе влијае врз следните градби во улицата.

Крстена и прекрстувана улица, но секогаш Широк сокак

Улицата „Широк сокак“ почнувајќи од последните децении на 19 век, била подложна на административни мерки од именувања и преименувања. Тоа е воочливо и од сочуваните разгледници, архивирани и публикувани во „Битола низ стари разгледници“ на авторот Димче Најдов. Првото име на улицата е „Хамиди џадеси“ (џаде-турски: пат) именувана според султанот Абдул Хамид (1876-1909), а веднаш после Младотурската револуција улицата во тогашен Монастир е прогласена за „Авенија на слободата“.

Кога османлиската власт се заменила со српска, улицата била препознатлива како „Крал Петар“, и тоа име се одржувало до 1941 година, кога за време на окупацијата на Битола, бугарските власти ја именуваат во улица „Цар Борис“. За помалку од еден месец од влегувањето на партизанските единици во градот, односно од 29 ноември 1944 година, улицата се именува како „Маршал Тито“, за што и денес сведочат куќните броеви на порти од оваа улица, иако со одлука на Советот на Општина Битола, од 14.09.2012 година, главната улица во Битола е преименувана во „Широк сокак“. На истата седница, битолските советници ги променија имињата и на улиците „Иво Лола Рибар“ во „Македонска фаланга“, „Иван Милутиновиќ“ во „Филип Втори Македонски“, „Едвард Кардељ“ во „Баталјон Стив Наумов“, „Бошко Буха“ во улица „Круме Кепески“, а „Булевар Социјалистичка револуција“ во „Методија Андонов Ченто“.

Хроничарите на градот забележале дека „Широк сокак“ е најстаро и најупорно име. Дописникот од Битола за „Цариградски весник“ уште во 1898 година, како општопознато го користел името Широк сокак сосема слободно во дневната комуникација. Кога српските власти по Првата балканска војна повеле општа акција за бришење на муслиманските траги, премачкувајќи ги со малтер сите видливи муслимански симболи и записи, се задржале и врз името. Го задржале додатокот „широк“, но решително го отфрлиле „сокак“, па улицата ја преименувале во „Широка улица“. Во еден кус период, по Првата светска војна улицата станала „Корзо“.

Широк сокак никогаш не бил само улица по која се оди од еден крај до друг. Тој бил и останува сцена, спомен, сведоштво, гордост, понекогаш болка, понекогаш радост, но секогаш срцето низ кое Битола најсилно чука. На Широк сокак се мерел градскиот чекор, се препознавал еснафот, се покажувала облеката, се поздравувале генерации, се договарале љубови, се испраќале војници, се пречекувале гости, се гледале конзули, трговци, доктори, аптекари, учители, занаетчии, фотографи, фурнаџии, меанџии, уметници, боеми и обични битолчани со необични судбини. Широк сокак таа мала градска енциклопедија на Балканот каде Битола го покажува својот лик, но и својот внатрешен ред, нагласува Зоран Ѓоргиев во „Приказните од Широк сокак“.

Ако се знае дека првото осветлување на Широк сокак се случило на 24 декември 1924 година кога во 17:00 часот блеснале светилките по улицата, кафеаните, берберниците… денес, фасадите се со светлечки илуминации кои предизвикуваат дополнителен визуелен ефект на велелепните објекти. На Широк сокак некогаш имало и бензинска пумпа и фрекфентен сообраќај, а денес е пешачка зона која на две вкрстувања се регулира со пешачки семафори.

Широк сокак бил проточна артерија на дипломати, трговци, воени старешини, улица со угледни хотели…, а денес е улица на конзулати и бизнис објекти чии излози во најголем дел се нестадардизирани и токму поради тоа актуелната локална самоуправа најави мерки за заштита на фасадите на Широк сокак.

Обврската за посебна грижа кон старото градско јадро на Битола како споменична целина произлегува од закон кој е во сила од 08.10.2015 година, а (треба) да се применува од 08.10.2016 година и според кој старото градско јадро на Битола е прогласено за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Со законот се овозможува трајно зачувување на историските, уметничките, архитектонските, урбанистичките, етнолошките и социолошките вредности на споменичната целина, како и на автентичноста, единственоста, разновидноста, староста, но и создавање поповолни услови за опстанок и задржување на интегритетот на сите податоци што таа целина ги носи во себе како сведоштво.

Споменичната целина Старо градско јадро на Битола, настаната во периодот на 15 век врз урбана структура од среден век и со континуиран развој до 21 век, како културно наследство е од особено значење, и тоа никогаш не смее да се заборава, ако искрено се сака Битола да биде европски град, урбан и модерен, горд на својот Широк сокак.

Фотографии: МИА, „Битола низ стари разгледници“ од Димче Најдов, „Приказните од Широк сокак“ од Зоран Ѓоргиев

 

 

 

 

 

 

Миа/ Марјан ТАНУШЕВСКИ 

Continue Reading

Претходно: Салата од цвекло
Следно: Гвардиол ќе потпише со Манчестер сити до 2031 година

Поврзани вести

20260807111234_big_730x400_54
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

Шеталиште 07/08/2026 09:29
bitolska-bolnica
  • Битола инфо

Верижен судир на четири возила кај Битола: Осум лица се во болница

Шеталиште 05/08/2026 09:55
Kanta-sto-zboruva-2
  • Вести
  • Битола инфо

(ВИДЕО): Герила акција со „паметна канта што зборува“ ги поттикна битолчани на поголема грижа за животната средина

Шеталиште 05/08/2026 07:32
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани