Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија Арачиново продолжува со низата на позитивни резултати, го совлада Скопје во последниот натпревар

Димитар Петковски 15/09/2026 06:21
araciniovo-2-2-1536x1105

Шкендија Арачиново го продолжува низата на позитивни резултати, и со голот на Дашмир Елези го совлада Скопје со 1-0,  во последниот натпревар од 7-то коло.

Првата шанса на мечот ја имаше Шкендија Арачиново, кога Миле Тодоров биеше од непосредна близина (од 4 метри), но на голот на Скопје со одлична одбрана се истакна Наумовски.

 

Гостите го имаа првиот одговор во 21-та минута, кога Попоски влезе во шеснаесетникот и го пронајде Ангелов, но неговиот удар на самата гол-линија го спречи дефанзивецот Есин Хакај. Во 39-та минута Амир Нухија ја пропушти најзрелата прилика, откако со глава од 4-5 метри биеше над пречката.

Веќе во следната минута Миле Тодоров успеа да ја затресе мрежата од тежок агол, но по реакцијата на ВАР-системот, голот беше поништен поради офсајд.

Во 42-та минута гостите се заканија и од слободен удар, но на висина на задачата беше домашниот чувар на мрежата, Антонио Столевски.

Второто полувреме донесе многу подобра игра за Шкендија Арачиново, а првиот удар го упати Мемеди од 17 метри, cепак, голманот Наумовски беше сигурен на линијата и го спаси Скопје. Во 60-ta минута, Ремзифаик Селмани имаше колосална шанса да го отвори резултатот, но Наумовски со одлична реакција (со нозе), го одбрани неговиот удар и ја испрати топката во корнер. Една минута подоцна перфектна комбинација на домаќините, Тодоров го пронајде Селмани во шеснаесетникот, но голманот на Скопје повторно излезе како победник од овој дуел.

Скопје се закани преку Цветковски, кој упати страшен волеј од 17 метри, но топката замина високо над пречката. Во 83-та минута Скопје можеше до поведе, по големата грешка на Личина, но ударот со глава на Беровиќ, заврши покрај голот на Антонио Столески. Само 2 минути подоцна, Беровиќ повторно се закани со удар со глава од 5 метри, но голманот на Шкендија не дозволи изненадување.

И казната стигна на другата страна, Дашмир Елези најдобро се снајде по асистенција на Тодоров, за да на крај го совлада одличниот Наумовски.

Continue Reading

Претходно: Повторно затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна
Следно: Нов удар за возачите и транспортот: Дизелот станува сè поскап и поредок

Поврзани вести

24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26
Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 1
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 2
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 4
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 5
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13

Можеби сте пропуштиле

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани