Фудбалерите на Шкендија одиграа реми (0:0) против Хиберниан, во реваншот од 3. квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА.
На Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, екипата на Шкендија иако фаворит на ждрепката пред мечот не успеа да го докаже тоа на теренот. Поради поразот од првиот натпревар (2:1) во Единбург, Шкендија е елиминирана и е последниот македонски претставник ова лето во европските купови.
ФК ШКЕНДИЈА – ХИБЕРНИАН 0:0
ФК ШКЕНДИЈА:
Рамани, Трумчи, Меличи (84.Ибраими), Манев, Димоски, Ислиами, Фреитас, Зејнулаи (64.Красничи), Тамба, Крезиу, Ндзенгуе.
ХИБЕРНИАН:
Салингер, Пашлак (82.Мегва), Кер, Охора, Обита, Мјулиген (82.Њуел), Каива, Мејор (83.Кембел), Лов, Рајт (63.Мекрат), Елдинг (71.Бојл).
Судија: Булат Сариев од Казахстан.

