Шпанските медиуми ја открија понудата на Барселона до Меси

0
Споделивања

Раководството на Барселона е во мисија на на враќање на Лионел Меси на „Камп ноу“. На најдобриот фудбалер на сите времиња актуелниот договор францускиот шампион Пари Сен Жермен му истекува на крајот од сезоната, а шпанските медиуми веќе ја откриваат понудата која каталонскиот клуб ќе му ја испрати на Аргентинецот.

Причините за враќањето на Аргентинецот се од спортски, сентиментален, но и финансиски карактер. Барселона му понудила на Меси договор на две години од кој тој сигурно ќе профитира многу подобро.

Доколку го доведе Меси, Барселона би имала 25 отсто поголеми примања од сегашните само поради тоа што најдобриот фудбалер на денешницата ќе биде дел од нивниот клуб. По заминувањето на Аргентинецот во ПСЖ голем број на спонзори заминаа со него, па шпанскиот тим претрпе голем удар поради тоа.

0
Споделивања
Exit mobile version