Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Шукова претстави план за решавање на проблемот со Вардариште

Шеталиште 03/09/2025 13:55
Kaja Shukova

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Каја Шукова, денеска, на прес-конференција претстави план за решавање на дивата депонија Вардариште, за кој појасни дека би се реализирал во две фази.

– Граѓаните вчера на протест јасно порачаа – доста е со труењето од Вардариште. Наместо празни зборови бараат конкретни нормативни решенија. Вчера повторно мирисаше на чад во домовите на граѓаните во околните општини. Чадот и смрдеата ги гуши жителите на Ново Лисиче, Аеродром, Маџари и Автокоманда. Орце Ѓорѓиевски ги потценува овие граѓани, неговото наводно решение за изградба на парк на таа локација е навреда и предизборна манипулација. Орце ќе го претвори во парк Вардариште онолку колку што го дислоцираше Центарот за зависници од Кисела Вода. Да бидеме јасни, тие немаат решение, а нашиот план е реален и во две фази, порача Шукова.

Првата фаза, појасни, вклучува заштита од палење на дивата депонија со оградување на Вардариште, физичка контрола и поставување на видео надзор, додека пак, втората фаза, која рече се однесува на среден и долг рок, вклучува изградба на современа претоварна станица и целосна санација на контаминираната локација.

– Прва фаза заштита од палење, односно во рок од 45 дена систем за спречување на палењето на депонијата, оградување на Вардариште, физичка контрола и обезбедување на Вардариште со поставување на систем за видео надзор. Во втора фаза на среден и долг рок изградба на современа претоварна станица и целосна санација на контаминираната локација. Воспоставување целосен систем за управување со отпад од собирање до финално депонирање во Дрисла со задолжителна селекција. Обнова на опремата за собирање на отпад, постојан мониторинг за надзор според највисоките еколошки стандарди. Ова е вистинското решение за Вардариште, сѐ друго се бајки и приказни на ВМРО-ДПМНЕ. Скопје нема време за нови лаги, скопјани не смеат да се трујат заради кампањата на Ѓорѓиевски, порача Шукова.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Вешто лице сведочеше дека Штекли е психотичен и не е во состојба да ја следи расправата
Следно: ВМРО-ДПМНЕ: Шукова да не манипулира и да не се грижи, идниот градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши проблемот со Вардариште

Поврзани вести

20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
Granicen premin Bogorodica
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

Шеталиште 07/08/2026 08:28
Ministerstvo-za-zdravstvo
  • Македонија

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација

Шеталиште 07/08/2026 08:23
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани