Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

Ѓорѓиевски: По изборите политиката мора да престане, време е за работа, мојата рака останува подадена кон сите

Шеталиште 17/10/2025 14:35
Orce-Gjorgjievski

Мојата рака останува подадена кон сите, кон секој граѓанин, активист и секој мој противкандидат. По изборите политиката мора да престане, време е за работа. Ве повикувам сите да се обединиме околу Скопје, бидејќи овој град е нашиот единствен дом, порача денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг од локалните избори, што ќе се одржат в недела, на 19 октомври.

Ѓорѓиевски ја нагласи својата визија за Скопје како град без поделби, нагласувајќи дека во текот на кампањата го посетиле секое маало и разговарале со илјадници граѓани.

– Изминативе недели поминавме низ секое скопско маало, разговаравме со илјадници луѓе, влеговме во секој дом, ги слушнавме и маката и надежта, и заедно ја споделивме нашата визија за иднината. Денеска не сум тука да држам политички говори, туку да ви се заблагодарам од срце. Ви благодарам за секоја подадена рака, за секој совет, критика и најмногу за огромната надеж што ја почувствував во вашите очи, надеж дека Скопје конечно може и мора да биде подобро, рече Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека наместо со празни ветувања, кампањата ја воделе искрено и со дела, посочувајќи на резултатите во Општина Кисела Вода како доказ за одговорно раководење.

– Она што го направивме во Кисела Вода не се само бројки, тоа е нашиот доказ дека зборот го претвораме во дело. Тоа е приказната за тоа како една заборавена општина стана пример за работа и тоа е мојата гаранција дека може да се работи чесно и одговорно. Тоа е моделот што ќе го примениме за целото Скопје, порача кандидатот.

Според него, зад кампањата стои широк тим составен од стручни и посветени луѓе од различни области и заедници.

– Зад мене не стои само мојата политичка партија, туку тим од врвни професори, архитекти, уметници, но и обични чесни луѓе кои го живеат и дишат овој наш град. Тим во кој има Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби и други, тим во кој има луѓе со различни политички и идеолошки убедувања, но со една и единствена љубов – љубовта кон Скопје, рече тој.

Во своето обраќање, Ѓорѓиевски потенцираше дека „Скопје мора да биде град на сите, град без поделби, каде секој ќе се чувствува како дома, почитуван и вреднуван“.

– Нашиот град е уморен од хаос, од сообраќаен метеж во кој губиме часови од животот, од загаден воздух кој го дишат нашите деца, од преполни контејнери што го грдат секое маало и од урбана анархија што ни го одзема јавниот простор. Време е да воведеме ред, време е да го средуваме нашиот заеднички дом, темелно, плански и системски, нагласи Ѓорѓиевски.

Најави проекти за решавање на сообраќајниот колапс, завршување и изградба на нови булевари и клучки, како и реформи во јавниот превоз со нови еколошки автобуси и воведување градски воз. Посочи и план за враќање на зеленилото преку четири нови мегапаркови и 50 маалски паркови, како и темелна реформа на јавните претпријатија и урбанизмот со враќање на стручноста и формирање Совет за урбан развој.

– Ќе ставиме крај на сообраќајниот хаос со завршување на сите заостанати проекти – клучките кај Момин Поток, Љубљанска, АСНОМ, Борис Трајковски, подземната сообраќајница кај Лимак. Ќе изградиме и нови булевари, како „Хрватска“ и „Цветан Димов“. Ќе го решиме и проблемот со паркирањето преку нови катни и монтажни гаражи. Ќе воведеме целосна реформа на јавниот превоз со нови еколошки автобуси и градски воз, во соработка со централната власт. Ќе му го вратиме зеленилото на градот со четири нови мегапаркови – Вардариште, Расадник, Лепенец и кај булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, како и 50 нови маалски паркови. Ќе спроведеме темелна реформа на јавните претпријатија за конечно да станат сервис на граѓаните и ќе воведеме ред во урбанизмот преку враќање на стручноста, избор на градски архитект и формирање Совет за урбан развој, најави Ѓорѓиевски.

Ова, додаде, не е само борба за инфраструктура, туку како што рече, за иднината на градот.

– Ова не е само борба за поубави улици и почисти паркови. Ова е борба за нашата иднина, за подобро место за живеење на нашите деца. Сакам да создадеме град од кој тие нема да сакаат да си заминат – град кој ќе нуди чист воздух, безбедни игралишта, квалитетно образование и, најважно од сè, надеж и перспектива. Град кој ќе нуди спортски успеси и културна преобразба, град кој ќе биде нивна гордост и нивен сигурен дом, рече Ѓорѓиевски.

Скопје, вели, нема време за губење, бидејќи „секој изгубен ден во политичко препукување е изгубена можност за Скопје“. – Време е да престанеме со поделбите и да почнеме со работа, затоа што овој град го заслужува најдоброто, нагласи Ѓорѓиевсски.

Прашан како се чувствува на два дена пред првиот круг од локалните избори, тој вели „искрено победнички, верувам и целиот тим така се чувствува. Очекувам силна поддршка од нашиот народ, скопјани се мудри луѓе и знаат да препознаат, но се чувствувам и подготвен за многу работа“.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: МВР во целост ја гарантира безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025″
Следно: Шукова: Скопјани на 19 октомври да гласаат за визија, знаење и резултати

Поврзани вести

Glasanje
  • Локални избори 2025

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини

Шеталиште 10/01/2026 12:40
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Шеталиште 23/12/2025 07:18
dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 1
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 2
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 3
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27
Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите img_7182-1024x576 4
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

14/08/2026 10:36
МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција 20260814104056_big_730x400_47 5
  • Балкан

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026 09:56

Можеби сте пропуштиле

Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54
pozar2-960x540-1
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

Шеталиште 14/08/2026 11:27
img_7182-1024x576
  • Битола инфо

Над 33 часа во првите борбени редови: Битолските пожарникари херојски се справија со пожарите

Шеталиште 14/08/2026 10:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани