Општина Битола објави јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во управните и надзорните одбори за материјално-финансиско работење на јавните претпријатија во општината.
Јавниот повик се однесува на следните претпријатија КЈП „Нискоградба“ Битола, ЈП „ЈППЈЛП“ Битола,ЈП „ЗУППУ“ Битола, ЈП СИЗ „Жабени“ Битола, ЈП „Пазари“ Битола, ЈП „Комуналец“ Битола и ЈКП „Водовод“ Битола.
Предмет на јавниот повик за секое од наведените претпријатија е спроведување постапка за избор на членови на управните и надзорните одбори.
Постапката ќе се реализира согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес на кандидати, а право на учество имаат сите лица кои ќе изразат интерес и ги исполнуваат условите утврдени во јавниот повик.
Јавниот повик е објавен денеска 26 јануари 2026 година и ќе трае пет дена, односно најдоцна до 30 јануари 2026 година.
Повеќе информации и деталите за секој поединечен повик се достапни на официјалната веб-страница на Општина Битола www.bitola.gov.mk
Фото: Општина Битола

