Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ ЗА УЧЕСТВО ВО ИНИЦИЈАТИВАТА „БИЗНИС КЛИК“

admin 25/06/2024 00:00

Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола објавува јавен повик за млади за учество во иницијативата „Бизнис клик“.

Опис на иницијативата:

Иницијативата „Бизнис клик“ е спроведувана од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола и има за цел воспоставување на партнерства помеѓу младите и бизнис секторот со цел да ги подобри кариерните можности на младите и да обезбеди зајакнување на капацитетите на невработените млади луѓе со што ќе ги зголеми можностите за нивно вработување.

Оваа иницијатива предвидува спроведување на иновативна програма составена од обука, менторство и кариерно насочување на младите луѓе на возраст од 15 до 24 години. Преку зајакнување на капацитетите на младите луѓе со барани вештини, целта е да се поддржат младите учесници/чки да го реализираат својот целосен економски и граѓански потенцијал.

Оттука, Интерактив – Битола распишува јавен повик за пријавување за учество до сите заинтересирани млади луѓе на возраст од 15 до 24 години од регионот на општините Битола, Прилеп, Новаци, Могила, Ресен и Крушево.

Иницијативата ќе се спроведува во Пелагонискиот регион во следните 7 месеци.

На повикот ќе бидат избрани 10 учесници/чки кои ќе учествуваат на дводневна обука од областа на комуникациските и ИТ вештините, при што обуките ќе вклучат и практична работа која на младите ќе им помогне во нивниот професионален развој.

По обуката ќе следи петмесечна фаза на менторство, каде младите ќе работат со искусни експерти од областа на правото, медиумите и ИКТ секторот. Со нивно насочување и поддршка младите лица ќе имаат можност да развијат кампања од областа на младинското претприемништво.

Исто така младите ќе имаат можност да посетат 10 компании од Пелагонискиот регион, каде ќе се запознаат со работните процеси и ќе добијат кариерно насочување важно за нивниот кариерен развој.

Целокупната програма е бесплатна за сите учесници/чки кои што ќе бидат избрани на повикот.

Основни критериуми:
• Да е државјанин/ка на Република Северна Македонија
• Да е на возраст од 15 – 24 години на денот на аплицирањето
• Да е од следните општини или моментално да е со место на живеење во нив: Битола, Прилеп, Новаци, Могила, Ресен и Крушево
• Да биде мотивиран/а да присуствува и да има активна улога во проектот

Начин на пријавување:

Сите заинтересирани кандидати, се охрабруваат да аплицираат најдоцна до 28.06.2024 до 16:00 часот на Google формата или преку е-пошта на interaktivbitola@gmail.com со назнака „Апликација по јавен повик за млади за учество во иницијативата Бизнис клик“, одговарајќи ги следните прашања:

Име:

Презиме:

Возраст:

Населено место/Општина:

Училиште/Институција/Организација:

Е-пошта:

Телефон за контакт:

Мотивација за учество во иницијативата „Бизнис клик“:

Избраните апликанти ќе бидат известени на ден 29.06.2024 година.

Овој проект е поддржан од Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), организиран од Здружение за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ Битола во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје.

Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Интерактив“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Continue Reading

Претходно: Најмладиот новинар од Битола, Мартин Николовски ја доби наградата „Тоде Петревски“
Следно: Дневен хороскоп (25.06.2024)

Поврзани вести

Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
policija-bt-1
  • Македонија

Претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“

Шеталиште 07/10/2026 07:01
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 1
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 2
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06
Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 3
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 4
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 5
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03

Можеби сте пропуштиле

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани