Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Јаневска за случајот со мозочните ткива праќани за истражувања во САД: Не верувам дека се заобиколени процедурите за постапување

Шеталиште 05/02/2026 16:38
Vesna-Janevska

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека го дели мислењето на министерот за здравство Азир Алиу и не верува дека се заобиколени процедурите за постапување кога биле праќани мозочни ткива од македонски пациенти за истражувања на њујоршкиот Универзитет „Колумбија“ во рамки на неговата соработка со нашиот Медицински факултет односно Институтот за судска медицина.

– Лично не мислам дека има пропусти. Бидејќи станува збор за базична наука, не е невообичаено на медицинските факултети кога има потреба да се испрати ткиво за анализа. Во апликативната работа кога имаме случај што не можеме да го решиме, бараме помош од наши колеги кои имаат не само повеќе искуство туку имаат и повеќе можности да направат некаква анализа. Универзитетот „Колумбија“ е меѓу најдобрите во светот, осми на Шангајската ранг-листа и процедурите за соработка при вакви проекти се исклучително строги, изјави Јаневска.

На барање на неколку медиуми за одговори во врска со случајот што деновиве ја разбранува јавноста, министерката одговори дека не гледа потреба МОН да се вклучи во барање документација откако вчера министерот Алиу соопшти дека побарал да се анализираат податоците поврзани со испраќањето на мозочните ткива во САД за истражувачки проект кој почнал во 1996 година.

– Не гледам потреба МОН да се вклучи, но доколку нешто биде побарано од нас, секако ќе одговориме во нашите можности. Стоиме на располагање иако лично не гледам во што би се вклучиле, изјави Јаневска.

На прашање за етичкиот момент во овој проект во однос на дозволите од семејствата на пациентите и дали можело да се случи да се одбие барање, а потоа да се одобри, министерката одговори дека не би можела да каже дали постои такво нешто „освен ако не било дополнето мислењето со факти кои биле барани претходно“.

Како кадар токму од Медицинскиот факултет на УКИМ таа во друг период членувала во етичка комисија на Факултетот чија работа, рече, е многу сериозна и многу сериозно се разгледуваат документите.

– Сум била член на Етичката комисија на Медицинскиот факултет и во мојот мандат не се случилод а промениме одлука. Многу е сериозна работата и многу сериозно ги разгледуваме документите. Доколку има потреба нешто да се дополни, поправи, да се направи законски како што треба да биде, тоа се случувало. Додека јас работев на Медицинскиот факултет и додека членував во Етичката комисија длабоко сум уверена дека не е направен некаков пропуст, рече Јаневска.

Според неа, се работи за истражувачки проект од чии наоди цел свет може да има бенефит и дека на такви големи проекти нашата земја може да учествува само преку соработка со универзитети кои имаат големи буџети за истражувања.

– Тој проект работел на изнаоѓање соматски причини за депресија, самоубиства и шизофренија. Знам дека имаше проект за Алцхајмерова болест кој го водеше Универзитетот „Колумбија“ и за други проблеми кои и ден-денес не се решени, а ако се решат бенефит ќе има целото светско население, не само Македонија. Ние како мала земја со ограничени можности не би можеле да се натпреваруваме со такви универзитети кои имаат 10, 50, 100 пати поголеми буџети. Но, во заемна корист може да учествуваме во проекти кои ќе ѝ донесат бенефит на нашата наука односно на нашата земја. Ние ги стимулираме нашите универзитети да се вмрежуваат, да создаваат релации со странски универзитети особено ако се високо на Шангајската листа. Во новиот закон кој е сега поставен на ЕНЕР дури им ставаме обврска да воспостават такви релации. Универзитетите не се само за да ги едуцираат студентите туку и за да развиваат наука, рече Јаневска.

Посочи и дека оваа студија е правена во 2002 година и дека јавноста и тогаш била запозната за овој проект, но разбирливо е, рече, дека таков проект не би ја заинтересирал целата македонска јавност туку само тие што се занимаваат со наука и се интересираат за науката.

– Она за што е надлежно Министерството е сосема јасно и транспарентно кажано – ние лани објавивме повик и дадовме шест милиони евра за 45 научноистражувачки трудови. Дел од нив беа базична наука, во која би спаѓало и ова за што зборуваме, дел од нив беа апликативни поврзани со Смарт-специјализацијата. За нив имаме договори, институциите си поднесоа планови и тоа е строго контролирано. Може да се направи анекс, нешто да се промени, но, генерално, ние водиме сметка за тоа. За сè друго си водат универзитетите кои имаат автономија и ние ја почитуваме нивната автономија, додаде Јаневска.

Министерот за здравство Азир Алиу вчера изјави дека лично и како министер смета дека многу малку има можност за злоупотреби во овој случај затоа што, рече, се работи за истражувачки проект помеѓу две земји.

– А втората земја е САД, која има многу јасно дефинирани протоколи кога се работи за биолошки материјал. Првин треба да го имаме предвид овој факт, рече Алиу. Вториот факт што треба да се има предвид, што, како што рече, нему лично му дава комодитет, е дека се работи за Универзитет кој е престижен и затоа нема дилеми за злоупотреби.

Соопшти дека побарал да се анализираат податоците поврзани со испраќањето на мозочните ткива во САД и дека од работната група бара одговори на прашањата и информации како билошкиот материјал е испратен во САД.

Како што рече, според стариот закон, до 2018 година, сите материјали, админстративни документи треба да се чуваат 15 години, а од 2018 година, според ЕУ-директивите, сите документи се чуваат 25 години. Токму поради тоа тој смета дека некоја од институциите може да ги нема овие документи во архивите.  

Фото: архива

Continue Reading

Претходно: Реформска агенда и европскиот пат: Владата го презентираше напредокот пред ЕУ амбасадорите
Следно: На крајот на февруари, Тетово го пречекува „Global Digital City 2026“ со фокус на младите таленти и партнерства меѓу бизнисите

Поврзани вести

20260216130149_big_730x400_71
  • Македонија

Рано е да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети, се санираат речните корита за да нема нови поплавувања

Шеталиште 16/02/2026 12:30
denes-pochnuva-bela-nedela-koga-vernicite-se-podgotvuvaat-za-veligdenskiot-post-shto-treba-da-pravite-01
  • Македонија

Денес почнува „Бела недела“, кога верниците се подготвуваат за Велигденскиот пост – Што треба да правите?

Шеталиште 16/02/2026 12:29
sobranie
  • Македонија

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг со новинари и седница на земјоделската комисија

Шеталиште 16/02/2026 08:16
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош 8 1
  • Прилеп инфо

Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош

16/02/2026 12:43
Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку

16/02/2026 12:39
Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево img_7764-1140x570-1-1044x522 3
  • Битола инфо

Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево

16/02/2026 12:36
УЈП: Пилот-фазата на е-фактура успешно се спроведува, досега верификувани 396 20260216123229_big_730x400_79 4
  • Економија

УЈП: Пилот-фазата на е-фактура успешно се спроведува, досега верификувани 396

16/02/2026 12:34
Во Битола ќе се гради Спомен обележје за депортираните Евреи во 1943 година 20260216113108_big_730x400_67 5
  • Битола инфо

Во Битола ќе се гради Спомен обележје за депортираните Евреи во 1943 година

16/02/2026 12:33

Можеби сте пропуштиле

8
  • Прилеп инфо

Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош

Шеталиште 16/02/2026 12:43
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Од ноќеска поскапуваат горивата – еве за колку

Шеталиште 16/02/2026 12:39
img_7764-1140x570-1-1044x522
  • Битола инфо

Општина Битола испрати тим и помош во поплавените подрачја во Кичево

Шеталиште 16/02/2026 12:36
20260216123229_big_730x400_79
  • Економија

УЈП: Пилот-фазата на е-фактура успешно се спроведува, досега верификувани 396

Шеталиште 16/02/2026 12:34

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани