Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Јаневска најави „училишна кошничка“ од 1. септември со 10% поевтини цени

Шеталиште 07/08/2025 08:07
vesna-janevska

Министерката Весна Јаневска вчера најави дека Владата донела одлука цените на училишниот прибор да останат на нивото од 1 јуни годинава, со што се обезбедува поевтина „училишна кошничка“ за сите семејства. Во гостувањето во емисијата „Вести плус“, Јаневска истакна дека оваа мерка ќе овозможи заштеда од околу 10 проценти на актуелните цени за ранци, боички, фломастери, тетратки и друг потребен прибор.

„На 1 септември ќе биде цената што била на 1 јуни. Тоа сигурно е 10 проценти помалку од денешните цени“, кажа министерката, додавајќи дека мерката го опфаќа целиот училиштен прибор.

Околу прашањето за учебникот по историја и тоа дали ќе бидат земени предвид препораките од Историската комисија, таа одговори дека, како што рече „ќе бидат спомнати сите значајни историски личности кои што треба да бидат спомнати“.

– Оваа година ќе има посебен предмет историја, секако и предмет географија, и ќе има учебници и по овие предмети. Тие се исклучително значајни, тоа се национални предмети кои децата секако треба да ги изучуваат. И мешаните комисии не дале сѐ уште официјален предлог барем до Министерството таков предлог не е стигнат. Оттука, ние и немаме обврска тоа што се зборува во јавноста да го примениме како такво затоа што немаме официјален допис. Секако, ќе бидат спомнати сите значајни историски личности кои што треба да бидат спомнати во различни одделенија, по различни теми и поглавја, така како што нашите автори сметаат дека тоа треба да се направи, потенцира Јаневска.

На прашањето за оштетените учебници од минатата година, Јаневска појасни дека училиштата треба да ги пријават до Министерството, кое потоа ќе испорача нови примероци. Таа апелира училиштата да ги пријавуваат сите оштетени учебници, истакнувајќи дека законот предвидува родителот да плати 70 отсто од вредноста на оштетениот учебник.

Инаку, минатата година, на почетокот на учебната година, Владата ги ограничи маржите на училишниот прибор. Со замрзнати маржи од 5 отсто во големопродажба и 10 отсто во малопродажба се продаваа тетратки, ранци, боици, пластелин, фломастери, маркери, мрсни, акрилни и водени бои, четки, линеари и дидактички материјали, острилки, гуми за бришење, ножици, футроли, шестари, дигитрони, компаси, табли, креди.

Continue Reading

Претходно: За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври
Следно: Словенија воведува скратено работно време за повозрасните работници

Поврзани вести

czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20
IMG-14855a3093734f2f8b714aebd8481e86-V-585x269
  • Македонија

Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари

Шеталиште 16/07/2026 08:35
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска го празнуваме Светиот маченик Јакинт

Шеталиште 16/07/2026 07:56
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет IMG_5270 1
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

16/07/2026 16:12
„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски! Screenshot 2026-07-16 164959 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

16/07/2026 14:52
Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион czarina-696x696 3
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

16/07/2026 11:20
250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила SUP-board 4
  • Балкан

250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила

16/07/2026 11:19
Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари IMG-14855a3093734f2f8b714aebd8481e86-V-585x269 5
  • Македонија

Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари

16/07/2026 08:35

Можеби сте пропуштиле

IMG_5271
  • Култура
  • Настани

„Скопје Виа“ на 17.јули во Битола

Шеталиште 16/07/2026 16:58
IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани