Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието, ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа влада

Шеталиште 24/06/2025 18:00
Vesna-Janevska

Образованието тргна од длабок минус, минимум квалитет и крајно незадоволителен. За жал, во изминатите седум години во образованието не беше направено ништо за тоа да се придвижи кон европскиот образовен простор. По една година имаме видливи резултати, кои ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа влада, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на панел-дискусијата „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа!“ организирана по повод една година од оваа Влада.

Нагласи дека за една година, со обединување на сите надлежни институции МОН, БРО, ДИЦ, ДПИ, училиштата и сите чинители во образовниот кон единствена цел – модерен систем на образование, поставени се, рече, стабилни темели на пет значајни столба: зајакната легислатива со донесување пет закони и до крајот на годината уште неколку нови, инвестиции во инфраструктура – седум објекти се изградени и 20 се во фаза на реновирање или доградба, проектот за едносменска настава и оптимизација на училишната мрежа, потоа модернизација на наставата со воведување нови наставни планови и програми, набавени учебници минатиот 1 септември кои ќе ги има и на почетокот на следната учебна година.

Како што рече, и во високото образование и науката се носат нови закони, меѓу кои Законот за квалитет на високото образование. Нагласи дека двојно повеќе од лани, односно околу 680 милиони денари, се издвоени за наука и истражување и се отворени три повици за факултети, научни институти и МАНУ, а одѕивот е, рече таа, повеќе до задоволителен.

Информираше дека првпат е уплатен комплетен пристап до научни бази, како што е Web of Science, и се отворени вратите за докторски студии на наши научници во врвни европски истражувачки центри. Исто така, соопшти министерката, почнат е концепт за дуално образование и во високо образование – на Машинскиот факултет кој, рече, има соработка со престижни германски факултети.

Јаневска кажа дека цели во модернизација на образованието се дигитализација и понатаму воведување вештачка интелигенција во наставата.

-Воведувајќи модернизација на образовниот систем го фаќаме последниот воз за да влеземе во европскиот образовен простор, зашто досега иако вербално тоа го сакавме, немаше таква реална можност. За жал, во седум години во образование не беше направено ништо за да не придвижи кон европскиот образовен простор … Градиме модерен систем на образование со една цел – нашите ученици, нашите млади, да почнат да градат и да веруваат во вистински вредности и да се надградуваат себеси, да развиваат компетенции, вештини, способности и да ја сакаат државата. Да може да излезат на пазарот на трудот дома и на глобално ниво, истакна Јаневска.

Како што рече, „од ден на ден успеваме да направиме тоа што треба“, со многу труд и со работа од 12,14 и повеќе часови на ден, и оти во тоа е вклучено не само МОН, туку и другите институции од образованието. Притоа порача дека за да може да се поправи нешто, сите чинители во образовниот систем треба да ги знаат предизвиците и проблемите, а нејзе тие и се познати од претходно бидејќи како претседател на партиската Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ постојано била во контакт со наставници, родители и претставници на институциите.

Continue Reading

Претходно: Стоилковиќ: Меѓуетничките односи се стабилни
Следно: ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже, освен Бугарите кои се членови на ЕПП, другите членови од нашите сестрински партии гласаа „ЗА“, социјалистите на СДС против Македонија

Поврзани вести

4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42
tajfun-bavi-tajvan
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

Шеталиште 11/07/2026 07:39
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 2
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 3
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 4
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34
Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците Srebrenica 5
  • Вести
  • Регион

Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците

11/07/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани