Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Јаневска: Учебниците се решен проблем, има систем и следната година нема да „прогледуваме низ прсти“

Шеталиште 09/11/2025 13:47
Vesna-Janevska

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците. Оваа година „прогледав низ прсти“, следната година нема да прогледуваме низ прсти затоа што има систем, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која повторно, одговарајќи на новинарски прашања во врска со недостигот на учебници во некои училишта, порача дека директорите треба да го почитуваат упатството и правилникот за нарачување учебници во МОН.

Пред почетокот на панел-дискусија во Тетово, во рамки на кампањата на МОН „Магијата е во знаењето“, Јаневска кажа дека проблемот со учебниците  е системски решен, укажувајќи дека  одговорноста е на директорите на училиштата доколку не побараат доволен број учебници. Посочи  дека се обезбедени  средства, нови наставни програми и дека се печатат и нови учебници, па фали, како што рече, „само добрата поврзаност меѓу институциите и нивна функционалност“, посочувајќи ги и училиштата.

-Училиштата се дел од системот, директорите на училиштата се исто така дел од системот.  Како што Министерството, Бирото, ДИЦ и сите други институции веќе многу сериозно си ја сфаќаат работата, така и менаџерите на училиштата ќе треба многу сериозно да си ја сфатат работата. Оваа година многу слободно ќе кажам, „прогледав низ прсти“.  Следната година нема да прогледуваме низ прсти. Има систем, има упатство, има правилник.  Директорите се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците.   Зошто повторувам?  Ако тие тоа не го направат, јас немам можност да им обезбедам дополнителна учебници.  Затоа, отсега натаму ако нема учебници, обраќајте се на директорите, не на министерството, одговори Весна Јаневска.

На новинарско прашање дека наставници добиваат договори на дело па се уценувани од политички партии за учество во изборни кампањи пред да добијат решение за вработување на неопределено време, министерката не се согласи и рече дека не е исто како порано.

-Да, свесна сум дека се случувале такви нешта. Апсолутно сум против тоа, апсолутно нема оправдување. Во образованието треба да влезат најквалитетните наставници. Тие коишто се мотивирани да работат со деца затоа што тоа и не е лесна работа. Законот и не е така лош доколку не би се злоупотребувал. Ќе следува и нов закон за наставници, истакна Јаневска.

Таа посочи дека од тој аспект се повеќе се преземат иницијативи за оптимизација на училишната мрежа. За разлика од минатата година кога имало 150  училишта кои работеле во една смена, сега има 200 училишта кои работат така.

-Но, повторно велам, има уште еден податок кој мора да го имаме предвид – дека бројот на ученици е намален и директорите и раководствата на училиштата, вклучувајќи го и министерството, треба да водиме сметка за тоа како се вработуваат наставниците. А бидејќи како министерство и Влада сме направиле проекција за тоа како да ги заштитиме наставниците со додатна настава, дополнителна настава, клубови, изборни предмети, општествено корисна работа. Директорите треба да си се организираат и во оваа концепција да ги најдат часовите на наставниците. Јас веќе пет години зборувам на оваа тема.  Тоа исто така во Македонија ќе мора да се спроведе ако сакаме подобар квалитет и ако сме чесни сами кон себе, сите треба да сме свесни за тоа што мора. Некаде нешто можеби и не мора, но ова мора да се направи. За да постигнеме успех, затоа што си ги застапуваме децата, а кога ги ускратуваме децата си ја осакатуваат државата, рече министерката.

Во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, во Тетово денеска беше организирана  третата панел-дискусија „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“. Претходно, панел-дискусии се одржаа во Скопје и Прилеп како дел од кампањата на МОН чија цел е  да ја истакне суштинската улога на наставниците и значењето на нивната професија во општеството.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: ВМРО-ДПМНЕ: Со ова раководство, СДС нема кредибилитет да говори за економски политики
Следно: Димитриевски: Како е поврзан Трипуновски со корупцискиот скандал, негова блиска соработничка е меѓу осомничените?

Поврзани вести

20260519143612_big_730x400_77
  • Македонија

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи

Шеталиште 19/05/2026 14:35
policija_1000x666-1
  • Македонија

МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола

Шеталиште 19/05/2026 14:27
chevel-zlatna-plochka
  • Македонија

Златна плочка пронајдена во чевел на патник на преминот Богородица

Шеталиште 19/05/2026 12:02
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден img_2839-1200x670 1
  • Прилеп инфо

Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден

19/05/2026 14:37
Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи 20260519143612_big_730x400_77 2
  • Македонија

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи

19/05/2026 14:35
50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка policija-bt-1 3
  • Битола инфо

50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка

19/05/2026 14:30
МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола policija_1000x666-1 4
  • Македонија

МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола

19/05/2026 14:27
Златна плочка пронајдена во чевел на патник на преминот Богородица chevel-zlatna-plochka 5
  • Македонија

Златна плочка пронајдена во чевел на патник на преминот Богородица

19/05/2026 12:02

Можеби сте пропуштиле

img_2839-1200x670
  • Прилеп инфо

Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден

Шеталиште 19/05/2026 14:37
20260519143612_big_730x400_77
  • Македонија

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи

Шеталиште 19/05/2026 14:35
policija-bt-1
  • Битола инфо

50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка

Шеталиште 19/05/2026 14:30
policija_1000x666-1
  • Македонија

МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола

Шеталиште 19/05/2026 14:27

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани