Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Јапонска филозофија: Совети против мрзеливоста

Шеталиште 06/08/2025 14:08
Screenshot 2025-08-06 at 16.06.41

Психолозите ја дефинираат мрзеливоста како недостаток на волја за вложување напор или енергија во постигнувањето на одредена цел. Мрзеливоста, вообичаено, е една од општествено најнепосакуваните особини, којашто уште во раното детство му се припишува на темпераментот  (што се посочува како вроден), а подоцна и на недостатокот на работни навики, коишто се стекнуваат.

Мрзеливоста, обично, се јавува периодично и се верува дека тоа претставува ментална состојба, намерен чин или личен избор. Може да биде последица на надворешни и внатрешни фактори, при што надворешните фактори, честопати, се изговори. Причините за мрзеливоста може да бидат и стравот од неуспех – поради недостаток на самодоверба, како и избегнување одговорност. Од друга страна, пак, расположението е состојба во којашто Вие понекогаш се чувствувате апатично и лошо… Постојат многу причини поради коишто една личност може да се чувствува мрзеливо, вклучувајќи хормонални промени, недостаток на сон, нездрава исхрана, недостаток на физичка активност и стрес.

Јапонците се вообичаено познати како вредна нација која ја цени работата и дисциплината. Јапонската култура, во таа смисла, има неколку древни техники што им помагаат на луѓето да ја надминат мрзеливоста и намќорливоста, пишува порталот „Политика“.

Методот „Кајзен“ се заснова на постепеното подобрување и усовршување. Овој концепт вклучува поставување мали цели и постепено нивно постигнување, што помага да се надмине отпорот, и така да се зголеми мотивацијата. „Кајџен“ методот, пак, вклучува обврска да се почне за кратко време – за една или 5 минути, во зависност од сложеноста на активноста, секој ден приближно во исто време. Ако, на пр., не можете да се натерате да прошетате, почнете со одлука дека ќе појдете за 5 минути. Доколку „сте се послушале“ себе и сте пошле за 5 минути, веројатно и ќе продолжите да го правите тоа.

„Икигаи“ е јапонски концепт што се однесува на целта на животот или причината за постоењето. Овој концепт Ве советува да ги пронајдете нештата што Ве прават среќни и исполнети, а потоа го користите тоа како водич за Вашите одлуки и постапки. Ако на пр., уживате во пишувањето и имате талент за тоа, Вашето „икигаи“ може да биде блогирање за теми што Вас Ве интересираат.

„Шошин“ е јапонски збор што се однесува на – „отворен ум“. Овој зен-будистички концепт вклучува отвореност и прифаќање на новите знаења, искуства и учења. „Ако Вашиот ум е празен и неоптоварен – тој е отворен за сите можности“, гласи една крилатица.

Концептот „Хара хачи бу“ советува умереност во јадењето. Според ова учење, човекот јаде додека не се засити за 80 отсто – доволно за да се чувствува задоволен, а никако да не се прејаде. Ако се прејадете – ќе станете мрзливи, веруваат Јапонците.

Филозофијата „Шинрин-јоку“ се однесува на прошетка во природата, а буквално се преведува како „капење в шума“. Овој концепт вклучува време во природа за да се опуштите и да се поврзете со природата. На овој начин, човекот нема да има време за мрзеливост и намќорливост. „Ваби-саби“, пак, нѐ учи на наоѓање убавина во несовршеноста и минливоста. Овој концепт вклучува ценење на убавината на нештата што се едноставни, скромни и природни… Како што е работата за којашто сте платени.

На крајот, „Ганбару“ на јапонски значи „упорност, напор“. Ова учење се однесува на трпението, обидите и доследноста во трудот и напорната работа – најдобро што можете, за да ги постигнете Вашите цели.

Фото: Пиксабеј

Continue Reading

Претходно: Кристина Еплгејт згрижена в болница
Следно: Илиевски: Функционираме како тим, очекувам да бидеме подобри во нападот

Поврзани вести

sladoled-so-lesnici
  • Занимливости

Сметка од 44 евра за два сладоледа предизвика широка дебата за туристичките цени во Рим

Шеталиште 08/06/2026 09:25
TOM_7726
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (06.06.2026)

Шеталиште 06/06/2026 15:08
20260603083556_big_730x400_16
  • Занимливости

Катедралата во Келн воведува влезница од 12 евра за туристите

Шеталиште 03/06/2026 08:39
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 2
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 3
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34
Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично policija-8 4
  • Прилеп инфо

Расчистен случај на подметнат пожар во возило во Прилеп: 34-годишник ќе одговара кривично

16/06/2026 06:53
Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме toplo-vreme 5
  • Македонија

Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме

16/06/2026 06:51

Можеби сте пропуштиле

160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15
img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
Screenshot 2026-06-16 105657
  • Спорт
  • Останати

Ивана Пејовска дел од ЦЕВ „Тренерската конвенција 2026“ во Португалија

Димитар Петковски 16/06/2026 08:57

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани