Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Здравје

Јапонски научници пронашле третман за превенција од појава на Даунов синдром

Шеталиште 07/07/2025 12:35
Japonski naucnici

Најсовремената технологија за уредување гени би можела да го искорени Дауновиот синдром, посочуваат научниците од Универзитетот Мејџи во Токио, Јапонија.

Дауновиот синдром, којшто причинува различни развојни попречености и влијае на милиони деца ширум светот, е предизвикан од присуството на дополнителна копија од 21-от хромозом. Овој дополнителен хромозом, познат и како „тризомија 21“, предизвикува клетките да бидат преактивни, така нарушува повеќе телесни процеси и може да доведе до препознатливи физички одлики, тешкотии во учењето и здравствени проблеми. Новото истражување, објавено во научното списание „ПНАС Нексус“ (PNAS Nexus), посочува дека, со користење на технологијата за ДНК-уредување, позната како КРИСПР (Групирани регуларно распоредени кратки палиндромични повторувања / ‘Clustered Regularly Interspaced Short Palindromic Repeats‘ – CRISPR), можно е да се отстрани непотребниот дополнителен хромозом од засегнатите клетки и да се врати нивната нормална функција, објаснуваат научниците.

„КРИСПР-Кас-9“ е метод за уредување гени којшто користи ензим за да пронајде специфични ДНК-секвенци. Кога ензимот ќе го пронајде вистинското место, ги пресекува ДНК-нишките. Истражувачот Ријотаро Хашизуме и неговите колеги дизајнираа КРИСПР-водичи што специфично ја таргетираат тризомијата 21 и го насочуваат ензимот кон посакуваното место.

Кога научниците ја примениле техниката на клетки одгледани во лабораторија, отстранувањето на дополнителната копија од генот го нормализирало начинот на којшто гените се експресираат во телото – што укажува дека генетскиот товар е отстранет. Исто така, откриено е дека, откако ќе се отстрани дополнителниот хромозом, гените поврзани со развојот на нервниот систем стануваат поактивни, додека оние поврзани со метаболизмот – помалку активни. Ова ги поддржува претходните истражувања што посочуваат дека дополнителните копии на хромозомот 21 го нарушуваат развивањето на мозокот за време на раниот фетален развој.

По отстранувањето на тризомијата 21, коригираните клетки растеле побрзо и имале пократко време на удвојување во споредба со нетретираните клетки, што укажува дека отстранувањето на дополнителниот хромозом може да го намали биолошкото оптоварување. Тоа го забавува растот на клетките.

Сепак, зафатот со КРИСПР може да влијае и на здравите хромозоми, па затоа истражувачите ја усовршуваат својата програма така што ензимот ќе се насочи исклучиво кон дополнителната непотребна копија на хромозомот 21.

Дауновиот синдром првпат е научно дефиниран од британскиот научник Џон Ленгдон Даун кој живеел во 19. век. Лицата со Даунов синдром честопати се соочуваат со повеќе здравствени предизвици, меѓу коишто и доцен развој и интелектуална попреченост. Околу половина од нив се раѓаат со вродени срцеви мани – најчесто атриовентрикуларен септален дефект или дупка во центарот на срцето. Тие се исто така посклони кон проблеми со дигестивниот систем, имунитетот, проблеми со тежината, апнеја при спиење, напади, проблеми со слухот, видот и забите. Тие имаат и зголемен ризик од леукемија, проблеми со ‘рбетот и заболувања на тироидната жлезда.

Фото: Илустрација / Фрипик

Continue Reading

Претходно: Наут со спанаќ, домати и јајца на око
Следно: НБА: Дури седум клубови вклучени во трансферот на Дурант во Хјустон

Поврзани вести

test-korona-1068x712-2
  • Здравје

Секоја недела се јавуваат нови подваријанти на коронавирусот, дали ни се заканува нов зимски бран на инфекции?

Шеталиште 16/09/2026 06:41
Melanoma-4
  • Здравје

ЦИМ: Куба разви лек против меланом

Шеталиште 27/08/2026 08:56
zdrava-hrana-freepik
  • Здравје

Дали броењето калории е најдобриот начин за слабеење?

Шеталиште 30/07/2026 11:02
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 1
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 3
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 4
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53
Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето foka-jona-780x470 5
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

05/10/2026 06:20

Можеби сте пропуштиле

img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47
image (11)
  • Занимливости

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Шеталиште 05/10/2026 08:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани