Либерално-демократската партија – Битола го претстави дел од својот тим за претстојните локални избори. На кандидатската листа се најдоа Јасминка Стојановска, дипломиран учител и Милан Христовски, оптичар.
Од ЛДП-Битола порачаа дека остануваат верни на својата визија – либерали со свои идеи, похрабри од другите, секогаш чекор пред, со резултати и без изговори.
Стојановска и Христовски, како дел од листата, ќе се вклучат во локалната политичка трка со јасна цел: да понудат решенија и конкретни проекти што ќе ја подобрат секојдневницата на битолчани.
Фото: ЛДП-Битола

