Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Ја славиме Светата првомаченичка Текла рамноапостолна

admin 07/10/2024 00:00
Svekji-Crkva-2_1000x666-1

Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабошци. Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието.

Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се завети да живее во девственост. Мајка ѝ, штом виде дека таа веќе не ни гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа да ја тепа и да ја измачува со глад. Најпосле ја предаде на судијата и бараше да биде со оган изгорена.

Судијата ја фрли во огнот, но Бог ја зачува неповредена. Тогаш, Текла тргна по светиот апостол Павле и отиде со него во Антиохија. Привлечен од нејзината надворешна убавина, еден градски старешина посака да ја земе кај себе со сила, но Текла се истргна од неговите раце. Тој старешина ја обвини кај кнезот дека е христијанка и дека се гнаси од брак.

Кнезот ја осуди на смрт и ја фрли пред ѕверови, но ѕверовите не го ни допреа телото на светата девица. Восхитен од ова, кнезот ја праша: „Која си ти и каква сила има во тебе што ништо не може да ти наштети?“ Текла му одговори: „Слугинка сум на живиот Бог.“ Тогаш кнезот ја пушти на слобода и таа почна да го проповеда Евангелието и мнозина успеа да ги обрати во вистинската вера. Меѓу овие беше и чесната, угледна девица Трифена.

Потоа Текла, со благослов на светиот апостол Павле се оддалечи во едно пусто место близу Селевкија. Овде таа се подвизуваше долго и, исцелувајќи болни со чудотворната благодат, мнозина ги обраќаше кон христијанство. Лекарите и жреците во Селевкија се исполнија со завист, па испратија некои млади луѓе за да ја осквернат, надевајќи се дека таа, кога ќе ја изгуби девственоста, ќе ја изгуби и нејзината чудотворна моќ.

Текла бегаше од оние дрски момчиња и кога виде дека ќе ја фатат, кога се најде пред една карпа, се помоли на Бога, па карпата се отвори и ја сокри оваа Света девица и Христова невеста. И таа карпа ѝ беше скривалиште и гроб. За оваа чудесна светителка, светиот Јован Златоуст вели: „Како да ја гледам оваа блажена дева како Му принесува на Господа со едната рака девственост, а со другата мачеништво.“

Continue Reading

Претходно: Нови цени на бензинот и дизелот
Следно: Земјотреси во близина на Атина и на Крит

Поврзани вести

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18
SFERA1
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

Шеталиште 13/08/2026 11:43
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани