Во просториите на ЈКП „Водовод“ – Битола се одржа состанок на кој учествуваа претставници од Општинскиот инспекторат, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство.
На состанокот се разгледуваше сериозниот проблем со нелегални приклучоци и злоупотреба на вода, што предизвикува значителни штети за јавното претпријатие и за сите совесни корисници. Присутните се согласија дека секој ваков случај ќе биде предмет на соодветна постапка, во согласност со важечките законски регулативи.
ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека против лицата кои ќе вршат кражба на вода или ќе користат диви приклучоци ќе бидат преземени санкции преку надлежните институции. Истовремено, претпријатието упатува апел до граѓаните и правните субјекти да ја користат водата на законски начин и да пријавуваат евентуални злоупотреби.

