Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Јубилејно издание на карневалот „Прочка 2026“ – 25 години прилепски карневал и 100 години „Прилепски мечкари“

Шеталиште 19/02/2026 08:16
viber_image_2026-02-16_15-20-30-820-696x392

Од 20 до 23 февруари, Прилеп повторно ќе биде во центарот на европските карневалски случувања, одбележувајќи значајно јубилејно издание на карневалот „Прочка 2026“. Годинава се слават 25 години организиран прилепски карневал и 100 години од традиционалната заштитена маска „Прилепски мечкари“, препознатлива и наградувана на бројни фестивали низ Европа и светот, а од 2019 година прогласена за нематеријално културно наследство.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, нагласи дека годинава карневалот повторно се враќа на меѓународната сцена.
Карневалот „Прочка 2026“, по повод двата големи јубилеи, добива изразен меѓународен карактер и повторно го позиционира Прилеп на мапата на значајни европски карневалски градови. Во недела, на главната карневалска манифестација, најавено е присуство на претставници на Федерацијата на европските карневалски градови, како и бројни гости и учесници од повеќе земји.

Очекувани се над 500 учесници во групни и поединечни маски, меѓу кои учесници од Македонија, Албанија, Србија и Бугарија, како и прв настап на возобновениот дувачки оркестар „Прилеп“, обновен по една деценија пауза.
Претседателот на Здружението „Прилепски мечкари“, Ванчо Ѓорѓиев, истакна дека обредот на мечкарите има исклучително значење не само за локалната заедница, туку и во национални рамки.

Со векови, оваа маска е нераскинливо поврзана со празникот Прочка и со прилепските касапи, а маскирањето со кожи се одржало како вековна традиција со верување дека ги брка злите духови и носи родна и бериќетна година.

Снежана Ристеска – советник за култура во Општина Прилеп истакна дека: Карневалската магија започнува на 20 февруари со традиционалната изложба на рачно изработени маски во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“, каде стручна комисија ќе ги оценува и наградува најдобрите изработки.
На 21 февруари ќе се одржи детското карневалско дефиле, на кое ученици од основните училишта ќе се претстават со креативни групни маски, движејќи се од ООУ „Кочо Рацин“ до централната бина на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“.

Централниот настан – меѓународната карневалска поворка – ќе се одржи на 22 февруари (Прочка) со почеток во 13:00 часот. Поворката ќе се движи од НУЦК „Марко Цепенков“ по булеварот „Гоце Делчев“ до централната бина, каде најкреативните и најоригинални маски ќе бидат наградени, вклучително и највисокото признание – Гран при маска.

Карневалските денови ќе бидат исполнети со улични уметници, жонглери, кловнови, акробати и куклари, како и вечерни забави под маски во прилепските угостителски објекти.
Свеченостите ќе завршат на 23 февруари, на Чист понеделник – почетокот на велигденскиот пост – со традиционален заеднички ручек во манастирот „Св. Ѓоргија“ во Присад, во организација на Здружението „Прилепски мечкари“.

Обичајот „Прочка“ во Прилеп претставува значаен дел од етно-културниот идентитет на Македонија и уникатна појава на Балканот и во Европа.
Многувековното празнување во 2001 година прерасна во организирана културна манифестација – „Прилепски карневал“, а на 21 мај 2006 година карневалот официјално стана член на Европската Федерација на карневалски градови.
Со ова јубилејно издание, Прилеп уште еднаш потврдува дека е град на традицијата, културата и живата народна радост, отворајќи ги вратите за посетители од земјата и странство да бидат дел од единствената карневалска атмосфера.

 

 

 

 

Фото: Општина Прилеп

Continue Reading

Претходно: Николоски: Воведовме 23 нови линии, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници објави Скопје1.мк
Следно: Битолчанец со метален предмет ја претепал вереницата

Поврзани вести

Pc36a-policija-soobrakajna-nesreka-701x549-2
  • Прилеп инфо

Пронајдено безживотно тело на 64 – годишен маж во Прилеп

Шеталиште 09/03/2026 12:23
img_8781-1140x762
  • Прилеп инфо

Проданоски на средби со жени од различни професии по повод Меѓународниот ден на жената

Шеталиште 07/03/2026 10:27
Screenshot
  • Прилеп инфо

„Крали Марко Треилс“ повторно во Прилеп – 13-то издание на популарниот планински маратон

Шеталиште 06/03/2026 13:11
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права brane-petrushevski 1
  • Вести
  • Македонија

Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

14/03/2026 11:13
Цветановска: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата Simona-Cvetanovski 2
  • Вести
  • Македонија

Цветановска: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата

14/03/2026 11:10
Муцунски: Вистинската сила на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи Timco-Mucunski 3
  • Вести
  • Македонија

Муцунски: Вистинската сила на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи

14/03/2026 10:55
Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји Aliu 4
  • Вести
  • Македонија

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

14/03/2026 10:52
Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од настаните во историјата на нашата држава што не се мери со време, туку со болката што ја остава зад себе Mickoski 5
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од настаните во историјата на нашата држава што не се мери со време, туку со болката што ја остава зад себе

14/03/2026 10:49

Можеби сте пропуштиле

IMG_1604
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (14.03.2026)

Шеталиште 14/03/2026 11:33
brane-petrushevski
  • Вести
  • Македонија

Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

Шеталиште 14/03/2026 11:13
Simona-Cvetanovski
  • Вести
  • Македонија

Цветановска: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата

Шеталиште 14/03/2026 11:10
Timco-Mucunski
  • Вести
  • Македонија

Муцунски: Вистинската сила на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи

Шеталиште 14/03/2026 10:55

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани