Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Јули: Пораст на потрошувачки и станбени кредити, пад на автомобилски

Шеталиште 21/08/2025 10:23
00000001-1602-660x500

Во јули, забележан е годишен пораст од 13 проценти и во вкупните депозити и во вкупната кредитна поддршка.

Народната банка денеска изјави дека зголемувањето кај депозитите во најголем дел се должи на порастот во секторот „домаќинства“, со помал пораст и на депозитите на деловниот сектор, а кај вкупните кредити поради повисоките кредити на двата сектори, со поголем придонес на деловниот сектор.

Вкупните депозити на домаќинствата во јули годинава се повисоки за 1,1 процент на месечна основа. Тоа се должи на порастот на депозитните средства, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута, со помал пораст и на останатите компоненти. Годишниот раст изнесува 13,3 проценти и како што информира централната банка е резултат на зголемените депозитни пари, долгорочните депозити во денари и во странска валута, а во помала мера и на краткорочните депозити.

Кредитите на домаќинствата, пак, минатиот месец се со месечен раст од 0,8 проценти и годишен од 10,4 проценти. Промената по двете основи се должи на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.

Во јули, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од еден процент, соодветно, при годишно зголемување од 9,8 проценти и 15,3 проценти соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се повисоки за 1,8 проценти на месечна основа, а на годишна основа забележаа пад од еден процент. Кредитите одобрени на кредитните картички се непроменети на месечно ниво, додека на годишно ниво оствариле пад за 7,4 проценти.

Во јули, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,8 проценти и 0,7 проценти во споредба со претходниот месец, соодветно, додека на годишна основа се пониски за 4,9 проценти и 9,2 проценти, соодветно.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор во јули, забележале месечен раст од 0,1 процент, при раст на сите видови депозити, со исклучок на краткорочните депозити во денари. Годишниот раст од 14,5 проценти во најголем дел се должи на порастот на депозитните средства и краткорочните депозити во денари. Кредитите на корпоративниот сектор во јули се зголемени на месечно и годишно ниво за 0,4 проценти и 15,9 проценти, соодветно. Притоа, месечниот и годишен раст во целост произлегува од зголемените кредити во денари, а кредитите во странска валута се намалени.

Continue Reading

Претходно: Паста со четири вида сирење
Следно: Најубавиот период од годината започнува на 23 август – еве што доаѓа за сите хороскопски знаци

Поврзани вести

denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

Починати и иселени земале државна помош – Откриени над 4.500 лажни корисници на социјална помош

Шеталиште 06/10/2026 11:23
struja-dalekuvod-grad-600x375-2
  • Економија

ЕЦБ: Европа ја демне двоен удар – енергијата може да ја крене инфлацијата и да го забави растот

Шеталиште 06/10/2026 07:23
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 1
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 2
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06
Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 3
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 4
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 5
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03

Можеби сте пропуштиле

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани