Именуван е нов директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.
На оваа позиција е назначен Љубиша Јованоски, дипломиран економист, со јасна цел за внесување позитивни промени, унапредување на ефикасноста во работењето и подобрување на услугите кон граѓаните.
Очекуваме одговорно, транспарентно и посветено управување во интерес на сите прилепчани. – стои во соопштението на градоначалникот Проданоски.
Фото: Фејсбук страна на градоначалникот Дејан Проданоски

