Вкусен ручек за целото семејство..
Состојки за ќофтињата:
- 500 г мелено месо (мешавина свинско и телешко)
- 1 главица кромид (ситно исечкан)
- 1 јајце
- 2 лажици презла
- сол и бибер по вкус
- магдонос (ситно исечкан)
Состојки за сосот:
- 2 лажици масло
- 1 главица кромид
- 2 лажици брашно
- 1 лажичка црвен пипер
- 400 мл доматен сос или пасирани домати
- сол, бибер, ловоров лист
Начин на подготовка:
- Во сад измешај мелено месо, кромид, јајце, презла, сол, бибер и магдонос. Обликувај мали ќофтиња.
- Ќофтињата испржи ги кратко во тава со малку масло, само да добијат коричка.
- За сосот: во истата тава запржи ситно исечкан кромид, додај брашно и црвен пипер. Брзо промешај.
- Додај доматен сос, сол, бибер и ловоров лист. Остави да крчка 10–15 минути.
- Стави ги ќофтињата во сосот и остави ги да се готват уште 20 минути на тивок оган, за да впијат вкус.
Совет: Ќофтињата во сос одлично одат со пире од компири, ориз или свежа салата.
ФОТО: www.flavcity.com/

