Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

„Џумбиш“ концерт на КУД „Илинден“ – Битола, посветен на Македонците муслимани

Шеталиште 26/07/2026 11:56
KUD-Ilinden-Bitola

Ансамблот на КУД „Илинден“ Битола, синоќа во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ одржа целовечерен концерт „Џумбиш“, посветен на Македонците муслимани.

Во изјава за МИА, Љупка Стефановска, етнокореолог, истакна дека КУД „Илинден“ за прв пат на својот репертоар поставија концерт со сценска адаптација поврзана со традицијата и животот на Македонците муслимани, со посебен фокус на населението од струшкото село Октиси, неколку села од дебарско, велешка Мелница или Азот и од областа Гора.

-Македонците муслимани ја зачувале македонштината во себе. Тие се со исламска вероисповест но се декларираат како Македонци и зборуваат на чист Македонски јазик. За време на нашето истражување кое се одвиваше повеќе од една година, обезбедивме многу податоци и песни кои се пејат при подготовката и организацијата на свадба, а целиот настан како што тие го нарекуваат е „Џумбиш“ или прослава, џумбуш, забава, посочи Стефановска.

На синоќешниот коцерт што се одржа на големото плато пред битолскиот Офицерски дом, беа презентирани најважните обичаи при подготовка на свадба, односно „Прстенарки“, „Канарки“, обичајот „Нека излезе невестата“ и „Ѓурѓеен“.

-Сценската адаптација „Прстенарки“ ја истражив во струшкото село Октиси или Струшки Дримкол. Традиционално, при подготовката на свадбата, девојки од домот на момчето, одат кај невестата, носат прстен, а кога ќе стигнат кај невестата, мајката става златник. Девојките се движат со песна и игра, и она што е карактеристично за жените кај Македонците муслимани, цело време тропаат на дајре и пејат. Потоа следува друга сценска адаптација „Канарките“ кои одат да ги канат сватовите и гостите за на свадба. Оваа сценска адпатација е од дебарскиот крај, од неколку села каде што живеат Македонци муслимани. Потоа следува третата сценска адаптација која е од селото Мелница или велешки Азот и се нарекува „Нека излезе невестата“, а четвртата сценска адаптација е „Ѓурѓеен“ и таа е од областа Гора. Карактеристично за целиот свадбен обред е почетокот со песната „Мајка Абазова“ која ги чека гурбетчиите, организацијата на свадбата која по традиција е за време на празникот Петровден затоа што тогаш се враќаат печалбарите или гурбетџиите да дојдат дома за да се направи свадба. И, уште нешто. Првото излегување на невестата надвор од домот е дури за Ѓурѓовден. На тој празник невестата може сите да ја видат, појасни Стефановска.

На синоќешниот концерт, носиите на учесниците беа оригинални, а за време на истражувањето, КУД „Илинден“ Битола соработуваа Фатима Тајроска, Муџаверка Шикаровска и Филдиза Јашари, кои во знак на благодарност синоќа на фестивалската сцена добија скромни подароци.

Инфо и фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Николоски: Се финализираат галериите – најтешкиот дел од автопатот Кичево – Охрид
Следно: Филаделфија влезе во Топ 4 фаворити за НБА трофејот по доаѓањето на Леброн Џејмс

Поврзани вести

Screenshot_20260811_064042_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

Димитар Петковски 11/08/2026 07:44
collage_export_DAB21032-542A-41F3-9E84-99F48DB285DA
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Театар

Со „Чествување на заветот” и премиера на „Мајка (magna mater)“ Бабец театарот од Битола одбележа 16 години постоење

Шеталиште 11/08/2026 07:09
Screenshot_20260811_060256_Chrome
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Македонија ја совлада Швајцарија, oд минус 21 до пресврт на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 11/08/2026 04:03
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец Screenshot_20260811_064042_Facebook 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

11/08/2026 07:44
Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11 Vakcinacija_deca_vo_germanija 2
  • Свет

Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11

11/08/2026 07:36
Денеска се слави Светиот маченик Калиник crkva-1-1 3
  • Македонија

Денеска се слави Светиот маченик Калиник

11/08/2026 07:25
И денеска многу топло – до 40 степени, здравствените власти со препораки за заштита од сонце toplo-vreme 4
  • Македонија

И денеска многу топло – до 40 степени, здравствените власти со препораки за заштита од сонце

11/08/2026 07:17
Со „Чествување на заветот” и премиера на „Мајка (magna mater)“ Бабец театарот од Битола одбележа 16 години постоење collage_export_DAB21032-542A-41F3-9E84-99F48DB285DA 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Театар

Со „Чествување на заветот” и премиера на „Мајка (magna mater)“ Бабец театарот од Битола одбележа 16 години постоење

11/08/2026 07:09

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260811_064042_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

Димитар Петковски 11/08/2026 07:44
Vakcinacija_deca_vo_germanija
  • Свет

Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11

Шеталиште 11/08/2026 07:36
20260811093056_big_730x400_12
  • Рецепти

Домашни јуфки

Шеталиште 11/08/2026 07:34
chopped-caprese-salad
  • Рецепти

Капрезе салата

Шеталиште 11/08/2026 07:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани