НАЈНОВО

ЖивотТехнологија

Апликации кои можат да бидат корисни при земјотрес

Турција и Сирија неодамна беа погодени од разорни земјотреси кои однесоа голем број човечки животи. За да ја зголемите безбедноста во случај на вакво земјотрес, треба да знаете дека постојат апликации кои ги следат сеизмолошките движења. „Андроид“ има наменски сервис за земјотреси, додека телефоните на „Епл“ користат локални услуги и нудат опција за дигитално потсетување.

„Лест квејк“ (Last quake)

Ова е бесплатна апликација за „ајфон“ која собира информации во реално време. Оваа апликација била дизајнирана од сеизмолози и може да го процени влијанието на одреден земјотрес за неколку минути. Освен информации во реално време, апликацијата нуди можност за споделување коментари, фотографии и видеа од сведоци.

„Ертквејк нетворк“ (Earthquake network)

Оваа апликација нуди известувања во реално време доколку живеете во близина на епицентарот. Освен тоа, испраќа предупредување неколку секунди пред земјотресот доколку живеете далеку од епицентарот.

„Мај ертквејк алртс“ (My earthquake alerts)

Оваа апликација нуди информации за земјотресите, а има база на податоци за земјотреси од 70-тите години на минатиот век.

Овие три апликации наменети за „ајфон“ се бесплатни. Кога станува збор за телефоните што работат на „Андроид“, тие имаат опција „Шејк алрт“ (Shake alert). Оваа опција треба да се активира во телефонот за да се добиваат предупредувања за земјотреси.

Поврзани новости