НАЈНОВО

Занимливости

Астрономите предупредуваат – за 20 години ѕвездите можеби нема да бидат видливи на небото

Зголемената употреба на ЛЕД-технологијата и другите видови осветлувања го осветлува ноќното небо до драматично ниво, а со сегашната брзина повеќето соѕвездија нема да бидат видливи за 20 години, предупредуваат астрономите.

Прекумерната употреба на надворешно осветлување, како што се улични и рекламни светла, како и оние од спортските објекти, ја намалува видливоста на ѕвездите. Астрономите во 2016 година утврдија дека Млечниот Пат повеќе не е видлив на третина од населената територија на Земјата, а оттогаш загадувањето со светлина се зголемило уште повеќе.

– Ноќното небо е дел од нашата средина и идните генерации би биле лишени доколку не можат да го видат ноќното небо во неговата вистинска форма. Не мора да бидете астроном за да се грижите за ова. Не сум орнитолог, но би се чувствувал лошо ако не ги слушам птиците како црцорат во мојата градина – вели британскиот астроном Мартин Рис од Кембриџ.

Рис е основач на парламентарната група за следење на ноќното небо, која неодамна изготви извештај во кој повикува на мерки за избегнување на светлосното загадување. Тука стапуваат во игра предлозите за формирање министерство за ноќното небо и комисија, и за поставување стандарди за интензитетот и насоката на осветлувањето.

Истражувањето на физичарот Кристофер Куба од германскиот Центар за геонаука открива дека светлосното загадување сега создава ефект на осветлување на ноќното небо за 10 проценти годишно, што може да предизвика дури и најсветлите ѕвезди многу брзо да „исчезнат“ од небото.

Детето што се родило кога на небото биле видливи 250 ѕвезди, денес, на 18-годишна возраст, може да види само 100.

Поврзани новости