НАЈНОВО

Фудбал

Бобан Бабунски повеќе не е тренер на ФК Пелистер

Утрово битолски Пелистер објави дека се разделува со тренерот Бобан Бабунски.

Целта на Пелистер беше враќање во првата лига, но тимот остана четвртопласиран и не се избори ниту за бараж, па затоа и договорот на Бабунски кој заврши со крајот на сезоната не беше продолжен.

„ФК Пелистер ја известува јавноста дека со завршувањето на Втората фудбалска лига официјално заврши договорот на шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски. Со оглед на неисполнувањето на целта, промоција во Првата лига, патиштата на клубот и Бабунски се разидуваат.

ФК Пелистер му се заблагодарува на Бабунски за неговата работа, професионалност и посветеност и му посакува многу успех во понатомошната кариера.

Клубот во наредниот период ќе го објави новиот шеф на стручниот штаб за сезоната 2023/24“, соопшти битолскиот клуб.

Поврзани новости