НАЈНОВО

Рецепти

Брза пита со спанаќ и фета сирење

Овој рецепт можат да го направат и вистински почетници во кујна, затоа што е потребно само да се промешаат состојките и питата да се испече. Само не заборавајте добро да го измиете спанаќот пред да го ставите во питата.

Потребни состојки:
3 јајца;
250g сирење;
100g спанаќ (претходно измиен и исчистен);
2 страка млад кромид (ситно исечкан);
4 големи лажици брашно;
3 лажици масло;
1 кесичка прашок за печиво;
½ лажичка сол (или по вкус).

Подготовка:
Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
Во длабок сад се ставаат јајцата и малку се матат со виљушка или маталка;
Се додава сирењето и се меша со јајцата;
На јајцата и сирењето им се додава масло, спанаќ, млад кромид, брашно, прашок за печиво и сол и сите состојки се мешаат додека не се добие изедначена смеса;
Тестото се става во плех обложен со хартија за печење и се пече на температура од 180 степени Целзиусови околу 25 минути, или додека не добие златно кафена боја.

Поврзани новости